Контраспин: Блерим Сејдиу беше во право, демантот на Адем Авзиу содржи некои невистини

После изјавата на градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу во „Клан Македонија“ дека „Кодра е Диелит официјално се вика Попова Шапка“, на „Фејсбук“реагираше директорот на Елем Турс, Адем Авзиу кој тоа го демантираше, нагласувајќи дека горенаведените наводи се „само муабет“. Сепак, Порталб.мк ја потврди веродостојноста на изјавата на Сејдиу и се покажа дека е во право додека изјавата на Авзиу не е точна, туристичкиот центар Кодра е Диелит всушност е официјално заведен како „Попова Шапка“ и дека и покрај изјавите на Авзи ниту една скијачка патека нема албанско име.

После изјавата на градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу во „Клан Македонија“ дека „Кодра е Диелит официјално се вика Попова Шапка“, на „Фејсбук“ реагираше директорот на Елем Турс, Адем Авзиу кој тоа го демантираше, нагласувајќи дека горенаведените наводи се „само муабет“. Сепак, Порталб.мк  ја потврди веродостојноста на изјавата на Сејдиу и се покажа дека е во право додека изјавата на Авзиу не е точна, туристичкиот центар Кодра е Диелит всушност е официјално заведен како „Попова Шапка“ и дека и покрај изјавите на Авзи ниту една скијачка патека нема албанско име

 

Во телевизиска дебата на „Клан Македонија“, градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу изјави дека името на туристичкиот центар „Попова Шапка“е лажно сменето.

„Имаме случаи при што целата јавност, цело време и во Тетово знае дека имаме директор во Кодра е Диелит, граѓаните цело време се лажно информирани дека Кодра е Диелит или Попова Шапка се вика Кодра е Диелит, што не е точно“, рече Сејдиу.

Споменатата изјава веднаш ја демантираше директорот на Елем Турс, Адем Авзиу, но сепак, во неговиот демант има некои спинови.

 Спин 1: „Г-дин Сејдиу, со твојот очајнички обид да ја потцениш нашата работа, освен што си смешен, всушност испаѓа дека токму ти си тој што ја манипулира јавноста.

Кажи ми искрено, дали некогаш си се обидел да испратиш официјален документ и да не ти е одобрен или…само муабет?

(Извор: Адем Авзиу / Фејсбук) – Датум 25.01.2022)

 

Спин 2:„Албанскиот јазик го имаш насекаде низ Кодра е Диелит. Кодра е Диелит токму во моментов дише албански повеќе од кога било, човече мили, или да не е токму тоа што ти пречи?

(Извор: Адем Авзиу / Фејсбук) – Датум 25.01.2022)

 

Контраспин: Туристичкиот центар „Кодра е Дилит“ официјално во Централниот регистар на Северна Македонија е заведен под името „Попова Шапка“ и следствено сите официјални документи треба да се однесуваат на овој туристички центар преку ова име, со оглед на фактот дека центарот е правно познат само со тоа име и тврдењата кои има тенденција да се промени или искривува овој факт не држат вода и не се точни.

Порталб.мк од Централниот регистар на РСМ го обезбеди документот со кој се потврдува вистинското име на овој туристички центар:

Не се точни изјавите на директорот на Елем Турс дека „Кодра е Диелит дише албански“, сите скијачки патеки во овој туристички центар се со словенски имиња и тоа: Бабин Извор, Нордик, Поток 1, Поток 2, Свети Илија, Пионерско Брдо, Ајдучка Рамина, Пола Церипашина, Срта Јелак, Мал Јелак, Бабиново, Церипашина и покрај тоа што туристичкиот центар е делумно во сопственост на општина Тетово, која според последниот попис има најголем број жители Албанци.

Да потсетиме дека директорот на Елем Турс, Адем Авзиу во интервју за Порталб.мк, кога ја презеде функцијата директор, вети дека ќе ја разгледа промената на имињата на скијачките патеки, но тоа не се случи. (Предизвици и ветувања за „Кодра е диелит“, зборува директорот на „Елем Турс“, Адем Авзиу / Youtube мин 16:10, на 24.02.2021)

Инаку, пред две години, претседателот на Собранието на Северна Македонија го потпиша Законот за употреба на јазиците. Законот за јазиците предвидува целосна употреба на албанскиот јазик, или како што се вели јазикот што го зборуваат повеќе од 20 отсто од населението, покрај македонскиот јазик, во Владата, Собранието, судството, јавната администрација и други претпријатија и институции. Но, на институциите треба да им се обратиме со името под кои се запишани во Централниот регистар на Северна Македонија и лицата кои го тврдат спротивното, постапуваат спротивно на позитивните закони во државата.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција