Контраспин: Колку помалку жртви ќе има во јули во однос на јуни ако има избори?

Никој, па ни ВМРО-ДПМНЕ не може да знае дали ако се оддржат избори во јули, авгст, септември…ќе има неколку или ќе нема ниту една жртва која би се разболела од корона вирусот како последица на изборните дејства. Оттука, лицитацијата со други месеци, а не крајот на јуни зашто тогаш ќе имало жртви, е спин, е штетна за демократијата и за општеството во целина, зашто тие се и онака загрозени со самата криза и со вонредната состојба

 

 

Никој, па ни ВМРО-ДПМНЕ не може да знае дали ако се оддржат избори во јули, авгст, септември…ќе има неколку или ќе нема ниту една жртва која би се разболела од корона вирусот како последица на изборните дејства. Оттука, лицитацијата со други месеци, а не крајот на јуни зашто тогаш ќе имало жртви, е спин, е штетна за демократијата и за општеството во целина, зашто тие се и онака загрозени со самата криза и со вонредната состојба

 

Пишува: Теофил Блажевски

 

Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, комуницира со јавноста со соопштение во кое се препознава извртена вистина, т.е. спин:

Спин: Зоран Заев и СДСМ би го жртвувале и здравјето на граѓаните само за да го намалат и онака очекуваниот изборен пораз.

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите кога и да се случат тие, но здравјето на граѓаните мора да биде пред сѐ. Заев не го интересира здравјето на граѓаните, исто како што не го интересира ни економската состојба на граѓаните и фирмите.

Фирмите се оставени без помош. Пакетот мерки на владата не е достапен за фирмите и не нуди никаква помош…

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ-Соопштение15.05.2020]

 

 

Контраспин: Партијата ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски, преку извртување на вистината, т.е. спин комуницираат со јавноста околу датумот за одржување на веќе одложените вонредни избоори во земјата. Според партијата, но и според Мицкоски, доколку се инсистира на одржување на изборите при крајот на јуни, тогаш „ќе се жртвува здравјето на граѓаните само да се намалел и онака очекуваниот изборен пораз,“ а според Мицкоски, тоа биле некрофилски размислувања и тој одбивал да стане премиер на некоја идна влада, доколку би знаел дека би имало макар и една жртва поради изборите во јуни.

Меѓутоа, таквото размислување на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ не им пречеше да соопштат пред околу 10 дена, дека првите услови што би можеле да се создадат, според нив, би биле во средината на јули годинава.

Потоа, почнаа лицитациите во јавноста дека ако СДСМ е за крајот на јуни, овие за средината на јули, дека партиите би можеле да се најдат „на половина пат“ и дека избори се можни или на самиот крај на јуни или на почетокот на јули. И сега се поставува прашање – знаат ли Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ колку помалку жртви би имало во средината на јули од крајот на јуни, т.е сигурни ли се дека ако се одржат изборите во јули, август, септември, дека нема да има ниту една жртва како последица на корона вирусот здобиен некаде на некое избирачко место?

Следејќи ги сите најави за останување на присуството на вирусот и преку летото, а особено по есента 2020 како можен термин за втор бран, се разбира дека никој не може да го гарантира тоа, а Светската здравствена организација (СЗО) состојбата ја нарекува „ново нормално“. Во тоа „ново нормално“ секако спаѓа и враќање на нормалните политички активности и укинување на ограничените права во општествата, наметнати заради епидемијата..

 

Корана избори не се најдоброто решение, ама се можни

Комисијата за заразни болести предложи, а Владата ги прифати протоколите за мерки што треба да се спроведуваат ако изборите се одржат кога се уште е присутна опасноста од ширење на вирусот. Тие мерки се многу слични со мерките што веќе ги препорача Меѓународната фондација за изборни системи IFES. Според оваа реномирана организација специјализирана за избори и изборни системи, „демократиите засновани врз паралментите, врз довербата во изборите, во институциите и на транспарентноста, веќе се загрозенни поради Ковид 19“. Тие констатираат дека повеќе од 50 држави до 8 мај годинава веќе ги одложиле на неодредено време или ги презакажале изборите, додека други држави ја искористиле кризата како „преттекст за да ја консолидираат својата моќ и да ги намалат индивидуалните човекови права“.

Од документот што го објави IFES само пред 4 дена, сосема е јасно дека за демократијата е подобро да има избори, отколку да се искористи кризата за натамошно еродирање на човековите права и зголемување на авторитарната моќ на поединци или тела, како што е, на пример, техничка влада, па уште во услови кога нема Собрание.

Второ, секоја препорака или предлог од СДСМ или од Зоран Заев за датум за избори, секогаш е врзан и со мислењето и ставовите на здравствените власти и експерти, кои засега тврдат дека состојбата е стабилна и ширењето на вирусот е во опаѓачка линија.

Оттука, секое манипулирање на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски дека со инсистирање на избори на крајот од јуни се жртвува здравјето на граѓаните или дека тоа е некрофилска политика, е извртување на вистината, т.е. спин. Исто како што е спин и тврдењето дека „фирмите се оставени без помош и дека пакетот мерки на владата не е достапен за фирмите и не нуди никаква помош…, што се докажува само со една изјава на министерката за финансии, Нина Ангеловска, за тоа дека на 10.103 фирми, само преку една мерка, за 14.500 денари субвенции за плати, веќе им се исплатени 14,3 милиони евра.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција