Контраспин: Марин ја сврти плочата – откако стана градоначалник ги виде зеленилото и тревниците низ Аеродром!

Фото: Принтскрин

Опозиционерот Марин во периодот пред локалните избори (15.10.2017), нагласено се залагаше за зачувување на зелените површина, за заштита на здравјето на граѓаните и нивното право на чист воздух. Во неговата изборна програма „Живот за сите во Аеродром“, во настапите и интервјуата во предизборието (септември – октомври 2017), но и пролетта 2017 година, им порачуваше на неговите сограѓани дека „има конретни решенија за проблемите со урбаниот хаос, зеленилото, воздухот…“ Но, сега тој тврди дека е немоќен. Веројатно, во комуналиите кои легнуваат во општинската каса „лежи зајакот“, зошто кај градоначалникот Марин исчезна решителноста на опозиционерот Марин за справување со „градежната мафија и урбаниот хаос“

Опозиционерот Марин во периодот пред локалните избори (15.10.2017),  нагласено се залагаше за  зачувување на зелените површина, за заштита на здравјето на граѓаните и нивното право на чист воздух. Во неговата изборна програма „Живот за сите во Аеродром“, во настапите и интервјуата во предизборието (септември – октомври 2017), но и пролетта 2017 година, им порачуваше на неговите сограѓани дека „има конретни решенија  за  проблемите со урбаниот хаос, зеленилото, воздухот…“ Но, сега тој тврди дека е немоќен. Веројатно, во комуналиите кои легнуваат во општинската каса „лежи зајакот“, зошто  кај градоначалникот Марин исчезна решителноста на опозиционерот Марин за справување со „градежната мафија и урбаниот хаос“ 

 

Пишува: Оливера Војновска

 

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин деновиве во интервју за „Макфакс“ (03.05.2018) повеќепати ја изврте вистината, па прашан дали по примерот на Општина Центар ќе прогласи мораториум за градење во Општина Аеродром и ќе ги стопира градбите, Марин рече дека таква „можност за мораториум не постои според Закон“ и притоа го искажа следниот спин:

Спин: Меѓутоа имаме и една разлика, затоа што касата на општинстиот буџет, тргајќи ги платите за градинките и за училиштата, 70 проценти се полни од комуналиите што ги плаќаат за изградба на зградите. Ако земеме дека во моментот се работат три улици во Општина Аеродром, се гради нова градинка, се прави набавка од 8 милиони денари за нови садници, каде ќе се купат 1.500 нови садници што ќе бидат со големина од 3-4 метри, значи ние тие пари оттаму (од комуналиите  н.з.) ги трошиме на вакви капитални објекти. (од 2,26 до 3,06 минута од видеото)

На забелешката, пак,  на новинарот: Значи, практично, вас ви оди во прилог да се гради? (3.10 минута од видето), Марин одговори:

Нас како граѓани можеби не ни оди во прилог, меѓутоа, за да опстане Општината, да биде позитивна и за да има нови изведби на капитални објекти, мора да го направиме тоа, сè додека не се промени Законот за финансирање на локалната самоуправа. (3.11 – 3,24 минута од видеото)

[Извор: Макфакс, датум: 03.05.2018]

 Kontraspin-foto-Vistinomer-1024x281-e1500652724996

 

Контраспин: Ваквиот став на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, претставува јасно спинување на вистината и ретерирање од главното ветување во неговата кампања, на кое, всушност, и ги доби изборите: дека ќе го запре урбанистичкиот хаос во Општината. Наспроти критиките кон неговиот предтходник, екс-градоначалникот Ивица Коневски, јавно декларираните ставови дека „граѓаните на Аеродром нема повеќе да бидат заложници урбаната мафија“ и барањатата за стопирање на градбите, Марин сега се правда дека е немоќен, бидејќи е во прашање „приватна сопственост“, дека „ДУП-овите се донесени, и не може да се сменат“,  дека „нема законска можност да се стопира градењето“. Ама, истовремено, кажува и дека општинстиот буџет 70 проценти се полни од комуналиите што се плаќаат за изградба на зградите“.

Веројатно, токму тука, во парите од комуналиите кои легнуваат во општинската каса, „лежи зајакот“, зошто кај градоначалникот Марин исчезна решителноста на опозиционерот Марин за справување со „градежната магфија и урбаниот хаос“ .

Опозиционерот Марин во периодот пред локалните избори (15.10.2017), нагласено се залагаше за зачувување на зелените површина и за заштита на здравјето на граѓаните и нивното право на чист воздух. Во неговата изборна програма „Живот за сите во Аеродром“, во настапите и интервјуата во предизборието (септември – октомври 2017), но и пролетта 2017 година, им порачуваше на неговите сограѓани дека „има конретни решенија за проблемите со урбаниот хаос, зеленилото, воздухот…“

За разлика од пред една – две години, Марин сега (во интервјуто за „Макфакс“) раскажува една друга приказна: „дека е во тек ревизија на донесените ДУП- ови и за тие што има можност ќе бидат укинати“. И, притоа, се извелкува:

Меѓутоа во моментот  сѐ уште немам таква можност (1.08 – 1,23 минута од видеото)

Значи доколку се донесени во законска процедура тогаш нема веќе можност (за измена на донесените ДУП-ови), согласно Правилникот од 2015 година. Меѓутоа, каде што би имало кршење на постапката за носење на тој ДУП, како што имаме еден ДУП, да речеме, И10, што е даден на Уставен суд, тогаш тој би се поништил и би се изработил повторно сигурно со подобри услови за живот. (1,32 – 1,53 минута од видеото)

Не можат никако да се стопираат (градбите) кога има легално земјиште, кога има зацртано маркица во Деталниот урбанистички план. Деталниот урбанистички план е закон во градењето… (1,58 – 2,09 минута од видеото)

За него нема проблем ниту со детското игралиште кај „Тобако 2“ (каде што се гради висококатница), бидејќи, како што вели, било поставено на „приватна површина, па е дислоцирано веднаш преку улица“ (4,59 минута од видеото). Исто така, тврди и дека откако  станал градоначалник „во Аеродром се исечени само две дрва, за кои е добиена дозвола од Град Скопје затоа што се наоѓаат на градежната парцела“.

И додека пред да ја добие градоначалничката функција го критикуваше  Коневски дека во Општината „нема доволно  зеленило“, Марин сега го вели спротивното:

Па има еден куп тревници низ Општина Аеродром.

Граѓаните велат нема, меѓутоа да излеземе надвор ќе ги видиме зелените површини. Меѓутоа, не се пошумени, можеби тоа е… (4,29 – 4, 47 минута од видеото)

Така што, очигледна е недоследноста во однос на тоа што Марин го зборуваше како опозиционер и во ставовите кои ги кажува откако седна во градоначалничката фотелја. Градоначалникот Марин едноставно ја „сврте плочата“ и веќе не му пречи урбанистичкиот хаос, па гледа само тревници и зелени површини!

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција