Контраспин: Не е точно дека Бујар Османи не ги предупредил граѓаните на РСМ во Украина за војната

Без оглед на тврдењата на претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи, пред почетокот на војната во Украина неколку пати апелираше до граѓаните на Северна Македонија, кои беа во Украина да заминат поради можна војна. Оттука, не се точни изјавите на Села дека „Османи не ги предупредил нашите граѓани и затоа треба да „сноси одговорност“ за секое семејство што е денес таму“, пишува Порталб.мк

Без оглед на тврдењата на претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи, пред почетокот на војната во Украина неколку пати апелираше до граѓаните на Северна Македонија, кои беа во Украина да заминат поради можна војна. Оттука, не се точни изјавите на Села дека „Османи не ги предупредил нашите граѓани и затоа треба да сноси одговорност за секое семејство што е денес таму“, пишува Порталб.мк

 

Од  Ардит Рамадани,

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, изјави во јавност дека, бидејќи Бујар Османи имал информации за руската инвазија на Украина, треба да има одговорност и за семејствата што останале во Украина, што е извртување на вистината:

 Спин: Мислам дека Северна Македонија како земја членка на НАТО треба да има информации, а ако имале точни информации тогаш треба да има и одговорност. А што се однесува до нивната одговорност, не знам со кое право и дали имаат совест за да се чувствуваат лошо овие луѓе, да излезат и да кажат дека сме го знаеле точниот ден и час кога ќе се случи нападот, а истовремено десетици семејства, деца и мајки, родителите, граѓани и државјани на Северна Македонија да ги оставиш таму, наместо сега во време на војна да се обидуваш да создадеш коридори за излегување од кризните подрачја.

Спин: Ако овој министер знаел сè, тогаш треба да преземе одговорност за секое семејство што е денес таму.

[Извор: ФОЛ / Фејсбук – Зиадин Села – Датум 09.03.2022]

 

Контраспин: Османи пред почетокот на војната неколку пати апелираше до граѓаните на РСМ во Украина да си заминат „додека е се уште можно“.

Да потсетиме дека руската инвазија на Украина започна на 24 февруари, а пак првиот апел на министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи до граѓаните на Република Македонија кои беа во Украина, беше упатен на 13 февруари.

„Стана многу извесно дека руската инвазија на Украина е многу можна, па почнавме да активираме некои од плановите што ги подготвивме за ова сценарио. Првиот план беше јавен апел до граѓаните на РСМ во Украина да ја напуштат земјата. Ги идентификувавме нашите граѓани, и притоа имаме неколку категории на наши граѓани. Вкупниот број на наши граѓани во Украина во моментов е околу 100“, рече Бујар Османи на 13 февруари.

Вториот јавен апел на министерот за надворешни работи Бујар Османи беше на 21 февруари, односно 3 дена пред руската инвазија на Украина. Османи изјави дека амбасадата на РСМ во Украина е во постојан контакт со сите наши граѓани и дека некои веќе успеале да се вратат во Северна Македонија, другите ги повика да го сторат истото.

„Во комуникација со нашата амбасада во Киев, апелиравме до нашите граѓани кои се таму да ја искористат можноста која е можеби последна. Никој не може да биде сигурен, но да го искористиме функционирањето на летовите додека се активни и бидејќи секојдневно по некоја авиокомпанија ги откажува летовите за Киев и се враќа во Скопје. Ги идентификувавме сите наши луѓе, амбасадата ги контактираше, семејствата на дипломатите се вратија, дипломатите престојуваат таму, обезбедивме услови за функционирање на амбасадите во наредните три месеци. Според информациите на амбасадата, 12 лица ја известиле амбасадата дека се вратиле во РСМ, па покрај членовите на нивните семејства, сепак, може да има и повеќе такви случаи бидејќи овие лица немаат обврска да ја известат амбасадата дека се вратиле во Македонија“, изјави Османи на 21 февруари.

Во меѓувреме, на почетокот на инвазијата, Министерството за надворешни работи потврди дека 120 државјани на Македонија со семејствата се во Украина, од кои 20 се вратиле пред агресијата на 24 февруари и околу 80 отсто од вкупниот број се веќе евакуирани. Осум граѓани бараат евакуација и тие се уште се во Украина. Четворица од нив се наши државјани, четворица се украински државјани, но имаат роднински врски со наши државјани. На сите им беше упатен јавен апел пред почетокот на војната да ја напуштат Украина.

Затоа, не се точни изјавите дека граѓаните на РСМ во Украина се „оставени“, а сега има обиди помош да им се пружи само сега откако војната започна . Политичарите мора да го проверат тоа што го изјавуваат и да не шират дезинформации.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција