Теоретичарите на заговор препорачуваат опасен лек – не го употребувајте!  

Korona Virus, foto: Fusion Medical Animation, Unsplash

Еденпрофил  на Фејсбук полн со опасни конспиративни теории, на граѓаните им препорачува  лек кој е опасен по здравјето. Според авторот кој стои зад профилот, лекот би требало да ги излекува луѓето од наводните негативни ефекти на вакцината против Ковид-19. Околу ова прашање Вистиномер разговараше со лекарот Aдурим Фазлиу кој е категорично против употребата на овој лек, при што рече дека неговите ефекти можат да бидат многу сериозни по здравјето. Фазлиу, како и сите научници, секојдневно апелира за масовна вакцинација, ако единствен  „лек” против Ковид-19, пишува  Порталб.мк. 

Објаватана“Aбази Макс, иако е опасна и иако оние кои ќе поверуваат и го користат лекот може да имаат сериозни несакани ефекти, па дури и да завршат во болница, сепак е споделена повеќе од 20 пати. 

Како „спас“ за вакцинираните во оваа објава се нуди лекот „Сурамина“ за кој, според објавата, постојат бројни студии за докажување на неговата ефикасност за спречување на обратната транскрипција на РНК од вирусите и од вакцината. 

„САКАТЕ ДА ГИ СНЕМА НЕГАТИВНИТЕ ЕФЕКТИ НА ВАКЦИНАТА“ 

СУРАМИН
Што е СураминДали може да ги излечи вакцинираните?
постојат студии кои ја докажуваат способноста на овој лек за спречување на обратната транскрипција на РНК од вирусите и од вакцината ‼
Исто така е и моќен антикоагулант‼” пишува ворецензираната објава која што е невистинита. 

 

Но, што е всушност вистината за лекот „Сурамин“? 

Вистина е дека лекот„Сурамине употребен како лек во раните фази на инфекцијата со вирусот, меѓутоа овој лек не ги поминал клиничките испитувања и како таков не е одобрен како сигурен за употреба 

Лекарот Адурим Фазлиу за Порталб. мкрече дека овој лек се употребува за афричката болест на сонот и слепилото, болести кои според него се предизвикани од паразити.  

 

„Сурамина е лек кој се употребува за афричката болест на сонот и слепилото, болести кои се предизвикани од паразити. Тој лек влијае директно врз енергијата на паразитите и на тој начин ги уништува“, рече  доктор Фазлиу.

Лекарот Фазлиу категорично е против употребата на овој лек на своја рака, токму поради сериозните несакани ефекти кои тој може да ги предизвика, затоа без консултација и надзор од страна на лекарот лекот „Сурамин“ не треба да се употребува. Овој лек може да предизвика сериозни несакани ефекти, затоа лицето кое го користи постојано мора да биде под лекарски надзор. Направени се ин витро студии на овој лек, и тие покажале добри резултати во спречување на репликацијата на вирусот на Сарс Ков во раните фази на инфекцијата. Имајќи предвид дека Сурамин не ги поминал сите фази на клиничките студии, овој лек сеуште не е одобрен за лекување на Ковид-19. Имајќи ги предвид и несаканите ефекти, категорично сум против секаква употреба на Сурамин за лекување на пациентите“, додаде Фазлиу.

Тој додаде дека единствената заштита од Ковид-19 е масовната вакцинација и ги повика сите граѓани да се вакцинираат што помасовно за, како што рече тој, да и се стави крај на оваа пандемија предизвикана од вирусот корона. 

Едно е познато, дека вакцините се сигурни и штитат од сите варијанти и „лекот“ не треба да се бара на друго место.

Од Европската Агенција за Лекови (EMA)  изјавија дека одобрените вакцини штитат од сите видови на коронавирусот проширени во земјите на ЕУ. 

За да бидат одобрени за употреба, вакцините против Ковид-19 треба да исполнат високи стандарди кои се однесуваат на сигурноста и ефикасноста. Иако се произведени во рекордно време, процесот на нивното тестирање, оценување на резултатите, и нивното одобрување не бил помалку ригорозен. Светската Здравствена Организација (СЗО) внимателно ја мониторира рапределбата на вакцините против Ковид-19. 

Инаку, за сите нејаснотии околу вакцините, може да прочитате повеќе на интернет страницата на СЗОкаде што може да се најдат одговори за речиси сите дилеми околу вакцините, нивната безбедност и ефикасност.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција