Лажна реклама за чај ги злоупотребува аналитичарот Петар Арсовки и доктор Драган Даниловски

Фото: Принтскрин видео

Објавата шири морбидна лага дека починал политичкиот аналитичар Петар Арсовски, чијашто фотографија е злоупотребена. Кога ќе го отворите линкот за да ја дознаете вистината, тој ве води на страница на која се појавува логото на Канал 5 телевизија и нејзината презентерка Татјана Стојановска. Лажната вест овојпат не вели дека Арсовски починал, туку дека бил на работ на смртта за што биле виновни докторите, а „само случајноста го спасила“. „Вистиномер“ во повеќе наврати пишуваше за овој вид манипулации со јавноста преку кои се продаваа лажни чаеви како Паразол и Хипертеа

Објавата шири морбидна лага дека починал политичкиот аналитичар Петар Арсовски, чијашто фотографија е злоупотребена. Кога ќе го отворите линкот за да ја дознаете вистината, тој ве води на страница на која се појавува логото на Канал 5 телевизија и нејзината презентерка Татјана Стојановска. Лажната вест овојпат не вели дека Арсовски починал, туку дека бил на работ на смртта за што биле виновни докторите, а „само случајноста го спасила“. „Вистиномер“ во повеќе наврати пишуваше за овој вид манипулации со јавноста преку кои се продаваа лажни чаеви како Паразол и Хипертеа

 

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која со злоупотребени фотографии од политичкиот аналитичар Петар Арсовски, докторот Драган Данловски, Канал 5 телевизија, но и неколку македонски актери и измислени ликови, продава чај, кој наводно лекува висок притисок и срцеви болести. Ова е измама.

Објавата шири морбидна лага дека починал Петар Арсовски, политички аналитичар чијашто фотографија е злоупотребена и притоа нагласува дека неговата мистериозна смрт ги „принудила да ја откријат вистината“.

Кога ќе го отворите линкот за да ја дознаете вистината, тој ве води на страница на која се појавува логото на Канал 5 телевизија и нејзината презентерка Татјана Стојановска. Лажната вест овојпат не вели дека Арсовски починал, туку дека бил на работ на смртта за што виновни биле докторите, и „само случајноста го спасила“.

Подоле во веста, со лош македонски јазик, се наведуваат читателите на „единственото ефикасно средство за срцеви болести и хипертензија“.

Во написот има и направено многу лош фотошоп на кој Арсовски е прикажан како лежи во болнички кревет прикачен на апарати. Тука написот прави забуна, па пишува за „актерот“ Петар Арсовски, иако на фотографијата е неговиот син кој го има истото име и презиме како татко му.

Измамата која им се сервира на читателите продолжува со измислено интревју наводно со сопругата на Петар Арсовски, Тања Арсовска. Поставена е и нејзина наводна фотографија, но под фотографијата таа е потпишана како Тања Тодоровска.

Тука следат две измислени интервјуа, едно со сопругата во кое таа наводно говори за состојбата на сопругот и едно со познатиот доктор Драган Даниловски кој го открива „чудотворниот лек“ кој го спасил Арсовски од сигурна смрт. Станува збор за чајот „Хипертеа“, а целта на оваа лажна реклама е да се измамат граѓаните да го нарачаат по цена од 2.400 денари откако ќе бидат наведени да поверуваат во лажната приказна.

За ефикасноста на овој чај, којшто се рекламира на неколку веб и фејсбук страници,  нема ниту официјални истражувања, ниту какви било докази.

Подоле во измислениот напис има и измислени изјави од македонски актери, колеги на Петар Арсовски, иако фотографијата нема врска со актерот Петар Арсовски туку со неговиот син, кои наводно му се заблагодаруваат на д-р Даниловски за чудотворниот лек кој ги спасил од висок крвен притисок и од срецви заболувања.

По повод ваквата лажна реклама и измислено интервју, на Фејсбук уште пред еден месец се огласи самиот Даниловски кој нагласи дека не е првпат неговото име да се злоупотребува за лажни реклами.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЛАЖНА ВЕСТ! По којзнае кој пат, пак е злоупотребено моето име за рекламирање на безвреден чај! Не наседнувајте! Целата содржина на написот, вклучително и ,,разговорот” со мене на ТВ Канал 5, е сосема ИЗМИСЛЕНА! Ја информирам јавноста дека ќе ги преземам сите правни чекори за санкционирање на измамниците!, напиша Даниловски.
„Вистиномер“ во повеќе наврати пишуваше за овој вид манипулации со јавноста преку кои се продаваа лажни чаеви како Паразол и Хипертеа.
На социјалните мрежи често се појавуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори. Меѓу останатите, мета беше и Пановски кој очигледно немаше никаква врска со рекламирањето на некаков лек против паразити. Тој самиот досега во неколку наврати реагираше на Фејсбук дека неговото име се злоупотребува за лажно рекламирање и апелираше до граѓаните да бидат внимателни.
Ширачите на лажни вести за чаеви и други безвредни препарати, кои го злоупотребуваа моето име, слики и што не друго, за лично да се збогатат со измама на пациентите, се осудени на правосилна пресуда,објави тој на својата страница на Фејсбук на 9 февруари 2024 година.

Како што информираше Пановски, била донесена пресуда за злоупотреба на лични податоци заради промоција на чаевите „Паразол“ и „Хипертеа“.

Фирмата увозник и дистрибутер „МОНАД ПЛУГ Дооел Скопје“ беше казнета со 5.000 евра, а одговорното лице Дејан Јовановски со 2.100 евра, информираше Пановски.

Покрај него, пресудата била донесена поради злоупотреба на личните податоци и на професорите и доктори Вело Марковски и Маја Мојсова.

Со овие објави во кои се прикажани злоупотребени лекари и други познати ликови од македонската јавна сцена, измамниците се обидуваат да ги намамат луѓето да веруваат дека купуваат чудотворни лекови.

Поради изнесените факти оваа објава ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција