Македонија е четврта или петта најниско задолжена земја во Европа?
Во последно време доста е актуелна темата за задолженоста на Република Македонија. Во тој контекст, доколку се следат соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ и изјавите од страна на премиерот Никола Груевски, кој е воедно лидер на партијата, може да се забележат одредени разлики во однос на податоците кои се презентираат. Па така, според ВМРО-ДПМНЕ Република Македонија е четврто најниско задолжена држава во Европа, додека според лидерот на партијата се наоѓаме на петтото место. Со оглед на тоа дека се работи за владејачка партија и премиер на држава, нормално е да се очекува поголема координираност и конзистентност во изјавите на лидерот и партијата која ја предводи. Вака, останува на нас да погодуваме дали Република Македонија е четврта или петта најниско задолжена држава во Европа.
Според ММФ не сме ни 4ти ни 5ти, туку сме 8ми во Европа.
Линкови:
- Плус Инфо (01.09.2013): ВМРО-ДПМНЕ одговара на прашања поставени до владата. [Пристапено на 23.09.2013]
- Канал 5 Телевизија (30.08.2013): Јавниот долг намален на 33,6% од БДП. [Пристапено на 23.09.2013]
- ВМРО-ДПМНЕ (24.07.2013): Реакција на прес конференцијата на Ванчо Узунов. [Пристапено на 23.09.2013]
- International Monetary Fund: General government gross debt 2013 [Пристапено на 23.09.2013]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар