Максим Димитриевски
Градоначалник на Куманово од октомври 2017 година
БИОГРAФИЈА:
Димитриевски е роден на 29.11.1975 година во Куманово. Тој е оженет и е татко на три деца.
ОБРАЗОВАНИЕ:
Основното и средното образование ги завршува во Куманово. Високото го завршува во Скопје, каде што дипломира на правниот факултет „Јустинијан Прима“ на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Во 2011 година публикувал труд „Вкупните даночни приходи и расходи во Единиците на локалните самоуправи, со осврт на Општина Куманово. Во моментот на пишување на оваа биографија е магистрант на тема „Ниско ниво на децентрализација – причина за несоодветен развој на единиците на локална самоуправа во Република Македонија“.
КАРИЕРА:
По диипломирањето Димитриевски се занимава со приватен бизнис. Во неговата официјална биографија напишал дека има „долгогдишно искуство како приватен стопанственик“.
Политичката кариера ја започнува уште како млад човек, активист на партијата Социјал демократски сојуз на Македонија. Во 2008 година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател од 2012 до 2016 година. Политичката кариера ја продолжува како пратеник во Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за одбрана и безбедност.
На локалните ибори во 2017 година, СДСМ го кандидира на местото на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц, при што, Димитриевски ја добива довербата од граѓаните за периодот 2017-2020 година.
Максим Димитриевски во опозиција се јавуваше со партиски ставови во врска со одбраната, а како пратеник по изборите во 2016 година, при настаните во април 2017 година, беше еден од пратениците кои влегоа во жесток дуел со напаѓачите, при што се здоби и со видливи повреди.
Главни ветувања му се нов водовод во Куманово од Липково, целосна гасификација на градот и решавање со проблемот со депонијата, односно нејзина дислокација и конечно решавање на управувањто со сметот.
ИЗВОРИ:
- Општина Куманово – официјален веб сајт
- СДСМ – Живот за сите во Македонија – Предизборна програма за Куманово
- Медиуми
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар