Мартин Протуѓер
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Роден на 8 мај 1979 година во Скопје. Оженет е.
ОБРАЗОВАНИЕ
Тој е магистер по медиуми и меѓународни комуникации на Европскиот универзитет Виадрина во Франкфурт, Германија и Софиски универзитет “Климент Охридски”.
Зборува германски и англиски.
КАРИЕРА
Работел како помошник за односи со јавноста на директорот на „Медија принт Македонија“.
До 2005 година е претставник на медиумската група ВАЦ за Југоисточна Европа.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Мартин Протуѓер е висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ.
Од 2004 година е член на ВМРО-ДПМНЕ , а од 2006 година е шеф на кабинетот на премиерот Никола Груевски .
Од ноември 2007 година до јули 2011 година е генерален секретар на владејачката во тоа време партија – ВМРО-ДПМНЕ, а функцијата ја презема од него Кирил Божиновски.
Бомбите
Од анонимус во политиката, Мартин Протуѓер стана препознатлив со својот глас во прислушкуваните разговори. Тој со својот нескротлив темперамент и со неколку злобни изјави во разговорите, предизвика лавина реакции кај граѓаните. Од разговорите постојат индиции дека Протуѓер директно влијаел во уредувачката политика на провладините медиуми. Индициите посочуваат и дека, Мартин Протуѓер бил еден од кадровиците при вработувањата на членови на ВМРО-ДПМНЕ и жесток „борец“ во изборните нерегуларности.
СЈО против него нема покренато обвиненија.
На 12.04 2016 година во актот за помилување и аболиција од претседателот Иванов, Мартин Протугер е аболициран со 5 поединечни решенија за аболиција
ИЗВОРИ
Википедија на бугарски
Утрински весник: Лидерот во сенка (9 јули 2010)
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар