Милосим Војнески
Милосим Војнески е градоначалник на општина Македонски Брод.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Милосим Војнески е роден на 28 ноември, 1959 година во селото Русјаци, општина Македонски Брод.
ОБРАЗОВАНИЕ
Високо образование завршил на Правниот факултет, при УКИМ во Скопје во 1984 година.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Пет години бил директор на Бирото за вработување.
Во 2005 година на локалните избори бил избран за градоначалник на општина Македонски Брод, повторно во 2009 година и сега во 2013 година по трет пат жителите му ја даваат довербата за градоначалничката функција во оваа општина.
Како претставник од ЗЕЛС е избран за делегат во Генералното собрание на НАЛАС и е заменик делегат во Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите во Европската унија.
Кривична пријава
МВР на 28 април 2017 соопшти дека поднело две кривични пријави против него, за злоупотреба на службената положба и овластување и за соизвршителство. Го товари за злоупотреба на службени пари за различни намени.
ИЗВОРИ
Гласило на ЗЕЛС 2013
МВР – Дневни билтени – Извадок на дел од дневни настани 28.04.2017
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар