Минималната плата достигна 14.500 денари

Фото: Мета

МИНИМАЛНА ПЛАТА

Нашата цел е да обезбедиме минимална плата од 16.000 денари до 2020 година. Тоа ќе значи дека семејство со двајца работници, ќе може безгрижно да ги покрие неопходните трошоци за живот.

 

[Извор: Изборна програма на СДСМ, (2016), „План за живот во Македонија“ (стр.3, стр.106, 108  и стр. 208);]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

За предвремените парламентарни избори (декември 2016 г.) СДСМ вети „минимална плата од 16.000 денари до 2020 година“, и тоа досега (15.11.2019) е делумно исполнето. Со последните законски иземени минималната плата ќе достигне 14.500 денари, а ќе важи од први декември оваа година (2019).

Ветувањето за минимална плата од 16.000 денари го има на повеќе места во изборната програма на социјалдемократите : „План за живот во Македонија“ . Најнапред  тоа е наведено на почетокот на програмата во заглавието „Повисоки плати за да живееме подобро“  (стр.3), потоа се споменува во делот Пристојна работа“ (стр.106 и стр.108). Истото ветување го има и во рамките на  „Планот 180 – итни реформски приоритети на новата Влада во првите шест месеци“, во делот Нови работни места повеќе пари кај граѓаните поддршка за домашните фирми“ (стр.208):

Висината на минималната плата ќе се усогласува со порастот на просечната плата, со трошоците на животот и вработеноста во економијата. Нашата цел е минимална плата од 16.000 денари во 2020 година, што ќе значи дека семејство со двајца работници ќе може да ги покрие неопходните трошоци за живот. („План за живот во Македонија“ )

На 14 ноември  Собранието по скратена постапка  со 59 гласа „за” и без ниту еден „против” и „воздржан”,  ги донесе за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кои се овозможува минимална плата од 14.500 денари. За овие законски измени гласаше и опозицијата, иако оттаму имаат забелешки што „Законот се носи пред избори и без  детална анализа за ефектите врз економијата и бизнисот“.

Од Министерството за труд и социјална политика денес (15.11.2-019) соопштија дека

Законски утврдената минимална плата за декември ќе изнесува 14.500 денари и е зголемена за 2.000 денари, а споредено со 2017 за 5.500 денари

Имајќи предвид дека СДСМ за вонредните парламентарни избори вети дека во 2020 година минимална плата ќе биде 16.000 денари, а досега таа достигна 14.500 денари, ветувањето  во моментот го оценуваме како делумно исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција