На третата фотографија не е напаѓачот што се обиде да го убие Доналд Трамп

Фото: Принтскрин

Во објавата што ја рецензираме, презентирани се три фотографии. Третата од нив, не е на Томас Метју Крукс, коjшто се обиде да изврши атентат врз претседателскиот кандидат на САД Доналд Трамп. Станува збор за сосема друго лице, неповрзано со пукањето, кое се шегувало на социјалните мрежи, а кое има голема физичка сличност со самиот Метју Крукс, кој пак, беше застрелан од службите дента кога се обиде да изврши атентат врз Трамп

Во објавата што ја рецензираме, презентирани се три фотографии. Третата од нив не е на Томас Метју Крукс, коjшто се обиде да изврши атентат врз претседателскиот кандидат на САД Доналд Трамп. Станува збор за сосема друго лице, неповрзано со пукањето, кое се шегувало на социјалните мрежи, а кое има голема физичка сличност со самиот Метју Крукс, кој пак, беше застрелан од службите дента кога се обиде да изврши атентат врз Трамп

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделуваат три фотографии за кои се тврди дека се од атентаторот на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп.

Во склоп на објавата пишува:

САД: Идентификуван атентаторот на Трамп.
 Томас Метју Крукс, Томас Метју Крукс (20) е идентификуван како атентатор на митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија, пишува New York Post. Крукс пукал од покривот на повеќе од 130 метри од сцената на теренот на шоуто на фармата Батлер Схоу.

Описот на фотографијата е фактички точен, исто како и првите две фотогарфии кои навистина го прикажуваат Томас Метју Крукс. Но, третата фотографија не е од Метју Крукс, туку од друго лице. Како што пишуваат проверувачите на факти на Check your fact, на третата фотографија од објавата што ја рецензираме не е Крукс, туку е лице кое на социјалните мрежи објавило видео на кое тврдело дека е Метју Крукс, како несолена шега. Истото лице објавило и фотографија, која во објавата што ја рецензираме е прикажана како да е од Метју Крукс, но не е, иако двајцата имаат одредени физички сличности.

Поранешниот претседател на САД, Трамп беше погоден во увото од куршум за време на митинг на 13 јули во Батлер, Пенсилванија. Напаѓачот е идентификуван како Крукс, 20 годишен жител на Бетел Парк Пенсилванија. Бројни објави на социјалните мрежи после пукањето со користење на фотографија од друг човек, тврдеа дека се работи за напаѓачот. Фотографијата погрешно ја користеа и некои меѓународни медиуми.

Фотографијата во секој случај, не е од Крукс, туку е од корисник на социјалната мрежа Икс, кој што има канал под името @jewgazing.

Откако неговите објави на кои тврди дека се шегувал добија широка распространетост, тој го заклучи профилот и твитовите беа избришани. Но архивска копија од објавата со видеото е зачувана на следниов линк. Некои корисници на социјалните мрежи направиле скриншотови и велат дека објавите биле шега која предалеку отишла.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумна невистина. Третата фотографија од објавата не е на Томас Метју Крукс, напаѓачот кој се обиде да изврши атентат врз Доналд Трамп.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција