Направена е реконструкција на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Ново Лисиче
Реконструкција на булеварот „Видое Смилевски Бато“,
[Извор: Официјална веб-страница на Град Скопје; Датум: април 2020г.]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за реконструкција на булеварот „Видое Смилевски Бато“, во населбата Ново Лисиче е исполнето. Ова ветување Шилегов го даде во април минатата година на прес-конференција, најавувајќи градежна офанзива на градските сообраќајници. Реконструцијата на споменатата сообраќајница е завршена во октомври минатата година (2020).
Градежните активности на булеварот „Видое Смилевски Бато стартуваа на крајот на август и го опфатија потегот од крстосницата со булеварот Србија до улицата Февруарски поход
Реконструкцијата на овој булевар во Општина Аеродром финишираше во средината на октомври, од Град Скопје тогаш информираа дека:
На потегот од крстосницата со булевар Србија до булеварот Февруарски поход, во должина од седумстотини метри во двете насоки на булеварот ВС.Бато, освен реконструкцијата на асфалтот, во изминатиов период беше направена и нивелација на постојните шахти и сливници за одведување атмосферска вода, како и замена на оштетените рабници.
Очекувањата се дека овој градежен зафат во иднина ќе влијае врз олеснувањето на сообраќајниот метеж во овој дел од градот. Бидејќи, како што велат градските власти, „со целосната реконструкција на булеварот Февруарски поход, завршувањето на првата фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, како и градбата на новиот мост од улица Васко Карангелевски кон Ќерамидница, граѓаните ќе добијат уште една сообраќајна алтернатива “.
Информација и фотографии за завршувањето на реконструкцијата на оваа сообраќајница се објавени на официјалната веб-страница на Град Скопје и во повеќе во медиуми.
ИЗВОРИ:
- Официјална веб-страница на Град Скопје (29.04.2020): Шилегов ја најави градежната офанзива за ова лето [Проверено на: 11.03.2021]
- Макфакс (30.04.2020): (Видео) Шилегов најави градежна офанзива ова лето [Проверено на: 11.03.2021]
- Грид.мк (30.04.2020): Град Скопје со нова офанзива за изградба и реконструкција на градските улици [Проверено на: 11.03.2021]
- Тајм.мк (26.08.2020): Започна реконструкцијата на булеварот Видео Смилевски Бато [Проверено на: 11.03.2021]
- Либертас (26.08.2020): Започна реконструкцијата на булеварот Видео Смилевски Бато [Проверено на: 11.03.2021]
- Веб-страница на Град Скопје(26.08.2020): Почна реконструкцијата на булеварот Видое Смилевски Бато [Проверено на: 11.03.2021]
- Грид (24.10.2020): Реконструиран булеварот Видое Смилевски Бато во Аеродром [Проверено на: 11.03.2021]
- Официјална веб-страница на Град Скопје(17.10.2020): Реконструиран булеварот Видое Смилевски Бато во Аеродром [Проверено на: 11.03.2021]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар