Насилство во законодавните домови

Собраниските „тепачки“ во демократските земји се израз на квалитет на законите и на демократија. Кај нас е обратно.

Насилството во законодавните домови ширум светот, иако ретко, е еден од начините преку кои власта и опозицијата се „пресметуваат“ за своите идеали и нееднаквости.

Парламент

Во прилог на случувањата во македонското собрание, накратко ќе ги наведеме земјите во кои досега парламентот бил место за физичко пресметување на власта и опозицијата. Парламентот во Украина е едно од местата каде ваквото насилство е се поприсутно. Последниот ваков немил настан се случи неодамна на 13.12.2012 година, поради несогласување околу изборот на нов парламентарен спикер. Насилството не изостанува ниту во парламентите на Авганистан, Индија, Грција, Кореја, Пакистан, Тајланд, Израел, Сомалија и Јордан. Важно е да се напомене дека ниту една од развиените земји во Европа, од кои Македонија учи за тоа што е демократија и како се гради демократско општество, не практикува вакви насилни пресметки во своите парламенти.

На барање на една читателка, се обидовме да направиме и  анализа за тоа во кои демократии денес пратениците од опозицијата биле насилно исфрлени од законодавниот дом. Интересно е што во текот на истражувањето наидовме само на еден случај во кој пратениците од опозицијата насилно биле исфрлени од парламентот. Имено, на островот Св. Винсент во Карипското море, двајца пратеници од опозицијата биле насилно исфрлени од парламентот и повредени. Пратениците биле исфрлени од парламентот поради дебатата  за повлекувањето на дел контроверзната легислатива која ќе ги ослободи политичарите од одговорност за изјавите дадени за време на изборните камапањи.

Доколку знаете за уште некој ваков случај, слободно споделте го со нас.

Бонус: Историска перспектива

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција