Не е изграден кружен тек во Сарај

Фото: Принтскрин

Ветувањето на  градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за изградба на  кружен тек кај мостот во Сарај,   е неисполнето. Ова ветување на Шилегов е дел од неговата изборна програма, „Живот во Скопје за сите!“ (стр.37),  со којашто ја бараше довербата за  локалните избори во 2017 година. Со овој значаен проект, и од сообраќаен и од безбедносен аспект, требаше да се реши сообраќајниот метеж што се создава на влезот на Скопје од Тетово. Сепак, тоа не  се случи. Досега (27.05.2021) не е изграден кружен тек  на исклучувањето кон Сарај

Ветување: Западна порта на Скопје кружен тек кај мостот кон Сарај

Станува збор за критично место од сообраќаен и безбедносен аспект. Исклучувањето кон Сарај, преку мостот, создава застои и сообраќаен метеж. На ова место, градиме кружен тек за регулирање на сообраќајот кон повеќе патни правци. Решение што истовремено ќе ги намали метежот, бучавата и загадувањето, додека ја зголемуваме општата безбедност во сообраќајот

[Извор:  Изборна програма на Петре Шилегов– „Живот во Скопје за сите!“ стр.37 – датум: октомври 2017 г. ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на  градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за изградба на  кружен тек кај мостот во Сарај,   е неисполнето. Ова ветување на Шилегов е дел од неговата изборна програма, „Живот во Скопје за сите!“ (стр.37),  со којашто ја бараше довербата за  локалните избори во 2017 година.

Со овој значаен проект, и од сообраќаен и од безбедносен аспект, требаше да се реши сообраќајниот метеж што се создава на влезот на Скопје, како и да се намали бучавата и загадувањето.

Сепак,  тоа не  се случи. Досега (27.05.2021)  не изграден  кружен тек  на исклучувањето кон Сарај. Вакво сообраќајно решение не се спомнува ниту во планираните проекти на Шилегов до крајот на мандатот – октомври 2021 година.

Инаку, овој дел на влезот во Скопје од Тетово, важи за прилично небезбеден, таму честопати има сообраќајни несреќи, за што реагираат и жителите на Сарај кои бараат проблемот да се реши со изградба на кружен тек.

На ова место имаше тешка сообраќајка и пред некој ден – на 24 мај во вечерните часови. Во несреќата учествуваа неколку автомобили, по што сообраќајот беше во прекин, а возилата се пренасочуваа по споредните улици.

 

ИЗВОРИ: 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција