Не е изграден кружен тек во Сарај
Ветувањето на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за изградба на кружен тек кај мостот во Сарај, е неисполнето. Ова ветување на Шилегов е дел од неговата изборна програма, „Живот во Скопје за сите!“ (стр.37), со којашто ја бараше довербата за локалните избори во 2017 година. Со овој значаен проект, и од сообраќаен и од безбедносен аспект, требаше да се реши сообраќајниот метеж што се создава на влезот на Скопје од Тетово. Сепак, тоа не се случи. Досега (27.05.2021) не е изграден кружен тек на исклучувањето кон Сарај
Ветување: Западна порта на Скопје кружен тек кај мостот кон Сарај
Станува збор за критично место од сообраќаен и безбедносен аспект. Исклучувањето кон Сарај, преку мостот, создава застои и сообраќаен метеж. На ова место, градиме кружен тек за регулирање на сообраќајот кон повеќе патни правци. Решение што истовремено ќе ги намали метежот, бучавата и загадувањето, додека ја зголемуваме општата безбедност во сообраќајот
[Извор: Изборна програма на Петре Шилегов– „Живот во Скопје за сите!“ стр.37 – датум: октомври 2017 г. ]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за изградба на кружен тек кај мостот во Сарај, е неисполнето. Ова ветување на Шилегов е дел од неговата изборна програма, „Живот во Скопје за сите!“ (стр.37), со којашто ја бараше довербата за локалните избори во 2017 година.
Со овој значаен проект, и од сообраќаен и од безбедносен аспект, требаше да се реши сообраќајниот метеж што се создава на влезот на Скопје, како и да се намали бучавата и загадувањето.
Сепак, тоа не се случи. Досега (27.08.2021) не изграден кружен тек на исклучувањето кон Сарај. Вакво сообраќајно решение не се спомнува ниту во планираните проекти на Шилегов до крајот на мандатот – октомври 2021 година.
Инаку, овој дел на влезот во Скопје од Тетово, важи за прилично небезбеден, таму честопати има сообраќајни несреќи, за што реагираат и жителите на Сарај кои бараат проблемот да се реши со изградба на кружен тек.
На ова место имаше тешка сообраќајка и на 24 мај во вечерните часови. Во несреќата учествуваа неколку автомобили, по што сообраќајот беше во прекин, а возилата се пренасочуваа по споредните улици.
ИЗВОРИ:
- Изборна програма на Петре Шилегов- „Живот во Скопје за сите!“ стр.37 ( октомври 2017) [Проверено: 27.08.2021]
- Официјална веб-страница на Град Скопје (28.12.2020):Шилегов: во 2021 почнуваме со смарт сити, брт системот на трамвај без шини, нов мост на Љубљанска, а завршуваме со мостот на АСНОМ [Проверено: 27.08.2021]
- ТВ 21 (01.12.2020): Жителите на Сарај бараат кружен тек – скапо ги плаќаат полните линии на булеварот „Ѓорче Петров“ [Проверено: 27.08.2021]
- 24 инфо (24.05.2021): Тешка сообраќајка во Ѓорче, судир на неколку возила [Проверено: 27.08.2021]
Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар