Не е точно дека Доналд Трамп победил на претседателските избори во САД

Во пост објавен во момент кога во САД уште непребројани се милиони гласови по претседателските избори, лажно се прогласува Доналд Трамп за победник на изборите. Сето тоа се доведува во корелација со пандемијата со коронавирусот и се додава дека се надеваат дека „тој ќе си стои на зборот за Ковид-19“

 

Во пост објавен во момент кога во САД беа непребројани милиони гласови по претседателските избори, лажно се прогласува Доналд Трамп за победник на изборите. Сето тоа се доведува во корелација со пандемијата со коронавирусот и се додава дека се надеваат дека „тој ќе си стои на зборот за Ковид-19“.

Меѓутоа, не е вистина дека досегашниот претседател на САД и кандидат на последните избори, Доналд Трамп победи. Апсолутен победник е Џо Бајден, кандидат на демократската партија.

Оваа информација ја потврдија повеќе американски медиуми. Си Ен Ен пишува дека обидите на Трамп да го негира исходот од претседателските избори не може да ја промени апсолутната реалност, а тоа е дека Бајден е победник и на национално ниво и во поединечните клучни држави, со секој следен момент во кој што се пребројуваат гласовите.

Избраниот претседател Бајден најверојатно ќе има 5 милиони гласови повеќе отколку Трамп на крајот од броењето на гласовите. Тој ќе добие повеќе од 80 милиони гласови, досега најмногу гласови кои ги освоил било кој претседателски кандидат во историјата, пишува Си Ен Ен.

И пет дена по завршувањето на изборите Џо Бајден е во водство на претседателските избори. Оттука, невистинита е информацијата пласирана уште на почетокот на броењето на гласовите, дека Доналд Трамп победил на претседателските избори во САД.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција