Не е точно дека јадењето пилешко ќе ве претвори во хомосексуалец

Се врати митот дека „јадењето пилешко ве прави хомосексуалец“ затоа што содржи хормон естрадиол, а науката докажа дека тоа не е точно и дека ниту една храна нема моќ да ја промени вашата сексуална ориентација. Генезата на овој мит е во 2010 година, кога претседателот на Боливија излегол со таква изјава која потоа била повлечена поради критики од научници и активисти, пишува Порталб.мк.

Се врати митот дека „јадењето пилешко ве прави хомосексуалец“ затоа што содржи хормон естрадиол, а науката докажа дека тоа не е точно и дека ниту една храна нема моќ да ја промени вашата сексуална ориентација. Генезата на овој мит е во 2010 година, кога претседателот на Боливија излегол со таква изјава која потоа била повлечена поради критики од научници и активисти, пишува Порталб.мк.

 

Од Ардит Рамадани,

Диететичарката Анила Калеши на социјалната мрежа „Фејсбук“ напишала дека поголем број случаи на хомосексуалност е забележан кај оние кои консумирале кокошки со женскиот хормон естрадиол.

„Кај адолесцентите машки, кои консумираат кокошки со естрадиол, има зголемен број на случаи на хомосексуалност“, напишала Анила Калеши на „Фејсбук“.

Не е точно дека консумирањето пилешко или која било друга храна може да ја промени сексуалната ориентација на луѓето, покажуваат научните податоци и ја побиле оваа теза одамна.

Калеши, исто така, истакнала дека повеќето кокошки кои се продаваат низ Европа се преполни со женскиот хормон естрадиол и имаат штетни ефекти врз сексуалниот развој на адолесцентите, но тоа сè уште не е докажано 100 проценти, бидејќи дури и научниците се поделени.

Генезата на овој мит е пред 12 години, кога и беше отфрлен

Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес во 2010 година изјавил дека јадењето пилешко кое содржи хормони може да ја промени сексуалната ориентација на некоја личност, но само неколку дена подоцна тој се повлече од истата изјава и се извини.

Невладините ја сметаа тогаш оваа изјава како „урбан мит“и како нешто апсурдно, бидејќи и покрај тоа што науката тврди поинаку, истата изјава подоцна ја користел и модел.

Цезар Циглиути од граѓанското општество во Аргентина иронизираше со оваа изјава со следниов став: „Ако ставиме машки хормони во пилешко и натераме хомосексуалец да го јаде, тој ќе стане хетеросексуалец“.

„Апсурдно е да се мисли дека јадењето пилешко, кое содржи хормони, може да ја промени сексуалната ориентација на една личност. Следејќи го ова размислување, ако ставиме машки хормони во пилешко и го натераме хомосексуалецот да го јаде, тој ќе стане хетеросексуалец“. Тоа е целосната изјава на Цезар Чиглиути за Гардијан.

Оваа теорија на поранешниот претседател Моралес не беше веднаш прифатена од научната заедница, благо кажано, и е критикуван од страна на Шпанската национална федерација на лезбејки, хомосексуалци, трансродови лица и бисексуалци, која испрати протесно писмо до амбасадата на Боливија во Мадрид во кое ги опишуваа коментарите на претседателот како хомофобични.

Претседателот Моралес се повлече, рече дека бил погрешно разбран

Портпаролот на Моралес, Иван Кањелас, им рече на новинарите дека гневот се должи на „несоодветно и погрешно толкување на кажаното“.

Тој додаде: „Претседателот Моралес на ниту еден начин нема намера да ги нападне правата на хомосексуалците“.

Ничија сексуална ориентација не може да се промени

Сè уште не е целосно познато зошто некој може да биде лезбејка, хомосексуалец, хетеросексуалец или бисексуалец. Но студиите укажуваат на тоа дека сексуалната ориентација веројатно е делумно предизвикана од биолошки фактори кои започнуваат уште пред раѓањето.

Луѓето не одлучуваат кој ќе им биде привлечен и терапијата, како и обидите за „третман“ нема да ја сменат сексуалната ориентација на човекот. Исто така, не можете да „претворите“ личност во хомосексуалец ако тој/таа е хетеросексуалец. На пример, изложувањето на момчето на играчки кои традиционално се прават за девојчиња, како кукли, нема да го направи хомосексуалец, ниту пак јадењето пилешко ја има таа моќ.

 


Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција