Не е точно дека сите прехранбени производи кои ги увезуваме од ЕУ содржат ГМО

Фото:Nick_the_PhotographerPixabay

ЕУ строго контролира каква храна се произведува, има стандарди кои се имплементирани за безбедноста на храната и го почитува правото на граѓаните да бидат информирани за тоа каква храна купуваат, па да направат избор. Храната која се произведува во ЕУ не значи автоматски дека е ГМО и неквалитетна. Правната рамка за ГМО храната во Македонија е пропишана со Законот за генетски модифицирани организми и Законот за безбедност на храната. Со одлука на Владата на РСМ овие одредби имаат одложена примена и ќе важат по приемот на С. Македонија во Европската Унија

ЕУ строго контролира каква храна се произведува, има стандарди кои се имплементирани за безбедноста на храната и го почитува правото на граѓаните да бидат информирани за тоа каква храна купуваат, па да направат избор. Храната која се произведува во ЕУ не значи автоматски дека е ГМО и неквалитетна. Правната рамка за ГМО храната во Македонија е пропишана со Законот за генетски модифицирани организми и Законот за безбедност на храната. Со одлука на Владата на РСМ овие одредби имаат одложена примена и ќе важат по приемот на С. Македонија во Европската Унија

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека сите прехранбени производи кои ги увезуваме од ЕУ содржат ГМО соја и емулгатори.

Можете да замислите со што се храниме ние. ГМО соја и емулгатори увоз од ЕУ во сите прехранбени производи, стои во објавата.

ГМО за првпат беа воведени во САД во 1994 година, со модифицирани растенија од домати кои созреваат побавно за да го продолжат рокот на траење. Оттогаш, широк спектар на култури, како што се соја, пченица и ориз се одобрени за земјоделска употреба заедно со ГМ бактерии кои се одгледуваат за да произведуваат големи количини на протеини.

Научниците во Индија имаат создадено ориз кој е многу поотпорен на поплави. Поплавите се најголемиот проблем при одгледувањето на оризот во северна Индија и Бангладеш.

Производите изведени од, или кои содржат генетски модифицирани организми, се строго контролирани и има нулта толеранција за недозволени ГМО во ЕУ.

Храната и добиточната храна направена од ГМО или која содржи ГМО, може да се дозволи на пазарот во ЕУ само откако ГМО ќе добијат одобрение од ЕУ, после процедура која вклучува темелна проценка на ризикот од Европската агенција за безбедност на храна врз основа на неопходно досие за овластување, обезбедено од апликантот, односно развивачот на ГМО.

Политиката на ЕУ за ГМО, го почитува правото на потрошувачот да знае, со тоа што ја обезбедува оваа информација со јасно означување за ГМО. Ова бара сигурни методи за нивно откривање, идентификација и квантификација за овластен ГМО во храната, добиточната храна и животната средина.

 

Дали луѓето во ЕУ веќе консумираат ГМО?

Повеќето од ГМО овластени во ЕУ се користат за исхрана на фармски животни, но некоја увезена храна исто така може да содржи ГМО.

Системот за означување на храната на ЕУ ги обврзува компаниите да наведат дали храната или добиточната храна што ја произведуваат содржат ГМО. Ова важи кога ГМО сочинуваат најмалку 0,9 отсто од храната или добиточната храна.

Компаниите исто така имаат можност да наведат на етикетата дека нивниот производ не содржи ГМО.

 

ГМО храна во Македонија

Што се однесува до тврдењето за ГМО храната во Северна Македонија, сè уште нема такво нешто. Имено, правната рамка за ГМО храната е пропишана со Законот за генетски модифицирани организми и Законот за безбедност на храната, каде што во член 4 став 1 точка 61 е дефинирана ГМО храната и одредбите во член 56 кои се однесуваат на ГМО храната. Со одлука на Владата на РСМ овие одредби имаат одложена примена и ќе важат по приемот на С. Македонија во Европската Унија.

Во Европската Унија, ГМО храната подлежи на строги правила на контрола и авторизација пред да се стави на пазарот со цел да се осигура, односно гарантира  нејзината безбедност, а со тоа да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на потрошувачите. Согласно прописите за посебните барања за безбедност на овој вид храна, ГМО храна не смее да:

  • има негативни ефекти врз здравјето на луѓето, животните и животната средина
  • го доведува во заблуда потрошувачот во однос на нејзиниот состав и својства
  • се разликува од храната и состојките на храната кои треба да ги заменат, до таа мера, што нивната нормална консумација би имала негативен ефект за потрошувачот во прехранбена смисла.

Вистината е дека ЕУ строго контролира каква храна се произведува, има стандарди кои се имплементирани за безбедноста на храната и го почитува правото на граѓаните да бидат информирани за тоа каква храна купуваат, па да направат избор. Храната која се произведува во ЕУ не значи автоматски дека е ГМО и неквалитетна. Правната рамка за ГМО храната во Македонија е пропишана со Законот за генетски модифицирани организми и Законот за безбедност на храната каде што во член 4 став 1 точка 61 е дефинирана ГМО храната и одредбите во член 56 кои се однесуваат на ГМО храната. Со одлука на Владата на РСМ овие одредби имаат одложена примена и ќе важат по приемот на С. Македонија во Европската Унија.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е точно оти сите прехранбени производи кои ги увезуваме од ЕУ содржат ГМО.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција