Не е започната изградбата на новата градинка во Дебар
Ветување: Изградба на градинка во Општина Дебар со површина од 1000 м2
[Извор: Порталб: Дебата за Дебар за локалните избори 2017, датум: октомври 2017]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Во политичката програма на градоначалникот на Општина Дебар, Ружди Лата, во делот „Капитални инвестиции”(стр.5) ветенa е нова градинка во Дебар. Истото ветување градоначалникот Лата го даде и во предизборната дебата за последните локални избори (октомври 2017), организирана од „Порталб“ . Тој тогаш елаборирајќи ги неговите приоритети како градоначалник на Дебар, рече дека во претсојниот период ќе почне градењето на новата градинка. Проверката на „Вистиномер“ покажа дека досега (28.05.2018), ова ветување не е исполнето.
Во текот на споменатата предизборна дебата (одржана на 07.10.2017 година), Ружди Лата прашан во врска со изградбата на градинката во Општина Дебар, изјави:
Може да ветам дека следната година ќе се гради една градинка со површина од 1000 м2.
На 06.11.2017, после победата на локалните избори, градоначалникот на Дебар зборувајќи за неговите приоритетни проекти во новиот мандат, како еден од врвните приоритети го спомна и градењето на детската градинка:
Кога се во прашање, ветувањата, мислам дека дадениот збор треба да се одржи. Најпрвин ќе почнеме со изградба на водоводот, кој верувам дека ќе биде готов до ова лето, до доаѓањето на иселениците, затоа што и проектот ни е во подготовка. А, во исто време ќе почне и градењето на градинката во Дебар со површина од околу 1000 квадрати.
Сепак, досега (28.05.2018) градежни работи нема. Но и со детална проверка на интернет не може да се најде ниту една вест поврзана со изградба на нова градинка во Дебар. Информации за почеток на градежните работи за споменатата градинка нема ниту на веб-страницата на Општина Дебар, ниту на официјалната Фејсбук страница на градоначалникот Лата.
Дека, не е почната изградбата на новата градинка ветена во предизборната кампања, потврдува и градоначалникот Лата во последното интервју за Порталб дадено на 21.05.2017, каде вели дека една градинка од 600 м2 ќе биде готова до септември, додека за големата градинка од 1000 м2 тој вели дека се во преговори со неколку фондации, определена е и парцела на која ќе треба да се гради, но не дава информации за конкретен датум за почеток на градежните работи.
Па, имајќи ги предвид горенаведените проверки, ова изборно ветување на градоначалникот Лата за „изградба на нова градинка во Дебар”, го оценуваме како неисполнето.
ИЗВОРИ:
- Официјална Фејсбук страница на градоначалникот на Дебар Ружди Лата [проверено на 26.04.2018]
- (07.10.2017 Порталб.мк) Дебата за Дебар за локалните избори 2017 [проверено на 26.04.2018]
- (06.11.2017 Порталб.мк) Oвие се три приоритети наградоначалникот на Општина Дебар [проверено на 18.05.2018]
- Веб страница на Општина Деба
Оцени: Дрилон Салиу
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар