Не наседнувајте, Илон Маск не промовира софтвер за тргување на берзата, видеото е дипфејк

Комисијата за хартии од вредност на Хонг Конг,  издаде јавно предупредување за сомневање за измама во која е вклучен ентитетот познат како „Quantum AI“, кој тврди дека нуди услуги за тргување со криптовалути подобрени со технологија за вештачка интелигенција (AI). SFC изрази загриженост дека Quantum AI користи дипфејк видеа и слики генерирани од вештачка интелигенција за лажно да сугерира дека Илон Маск е поврзан со развојот на нивната технологија

Комисијата за хартии од вредност на Хонг Конг,  издаде јавно предупредување за сомневање за измама во која е вклучен ентитетот познат како „Quantum AI“, кој тврди дека нуди услуги за тргување со криптовалути подобрени со технологија за вештачка интелигенција (AI). SFC изрази загриженост дека Quantum AI користи дипфејк видеа и слики генерирани од вештачка интелигенција за лажно да сугерира дека Илон Маск е поврзан со развојот на нивната технологија

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува реклама во која е злоупотребена фотографија од македонскиот режисер Милчо Манчевски и се тврди дека „тој поддржува инвестиција од 490 долари“ на наведена инвестициска платформа.

Самата реклама води до надворешен линк на кој е поставено видео на кое наводно зборува Илон Маск, и промовира „софтвер за компјутерско тргување на берзата со успешност од 91 процент ветувајќи дека во 91 процент од случаите, тој што ќе инвестира во програмата, ќе добие илјада до две илјади долари во текот на еден ден, ако не и повеќе“. Видеото на кое Илон Маск е претставен како да промовира апликација Квантум АI, е лажно, односно креирано со помош на вештачка интелигенција (дипфејк видео), со цел да се намамат корисниците на социјалните мрежи да им ги дадат своите пари на измамници.

 

Комисијата за хартии од вредност на Хонг Конг, издаде јавно предупредување за сомневање за измама во која е вклучен ентитетот познат како „Quantum AI“, кој тврди дека нуди услуги за тргување со криптовалути подобрени со технологија за вештачка интелигенција (AI). SFC изрази загриженост дека Quantum AI користи дипфејк видеа и слики генерирани од вештачка интелигенција за лажно да сугерира дека Илон Маск е поврзан со развојот на нивната технологија.

Оваа измамничка употреба на дипфејк лажна содржина од страна на Quantum AI има за цел да ја заведе јавноста за поврзаноста на Илон Маск со овој софтвер, што не е точно. 

Полициските сили на Хонг Конг одговорија на загриженоста на Комисијата за хартии од вредност, со блокирање на пристапот до веб-страницата на Quantum AI за да се спречи понатамошна јавна измама.

И покрај овие мерки, Комисијата за хартии од вредност ја советува јавноста да остане внимателна, бидејќи измамниците може да продолжат да создаваат нови веб-страници и профили на социјалните медиуми под слични имиња. Дополнително, Комисијата за хартии од вредност ги додаде споменатите веб-страници на списокот на сомнителни платформи за тргување со сомнителни виртуелни средства од 8 мај 2024 година. Комисијата го повторува своето предупредување против можностите за инвестирање кои звучат „премногу добри за да се вистинити“, особено оние кои се промовираат на платформите на социјалните мрежи. Инвестициските измами преку Интернет може да вклучуваат различни видови средства и може да резултираат со значителни финансиски загуби. Се повикува јавноста да остане внимателна и да спроведе темелно истражување пред да донесе одлуки за инвестирање, гласи предупредувањето за граѓаните на Кина.

Во видеоматеријалот е додаден глас од позадина, за да се добие лажната импресија дека „Илон Маск зборува и ги мотивира луѓето да инвестираат во таканаречената апликација која користи вештачка интелигенција за тргување на берзата со 91 процентна ефикасност“, но тој глас е само додаден и Елион Маск ниту создал ниту промовирал софтвер наречен Квантум AI.

Во конкретниот случај, од корисниците се бара да остават име презиме и телефон, за потоа да им се јави оператор и да ги убеди да наседнат на лажната реклама и наводно да инвестираат, а всушност да станат жртви на финансиска измама.

Проверувачите на факти на Политифакт рецензираа и други видеоматеријали на кои Маск лажно се поврзува со Квантум AI, а заедничко за сите е дека неовластено се преземаат материјали од гостувања на Маск во медиуми или на конференции, и на тие снимки се додава лажен тон, односно се манипулира јавноста дека станува збор за некаква вредна информација на која налетале на социјалните мрежи која ќе ги направи богати, што не е вистина.

Бројни жртви на измамата на интернет форумите ги споделуваат своите искуства за да ги предупредат другите да не наседнуваат на измамата.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција