Нема крвно сродство меѓу Фон дер Лаjeн и Хитлер, ниту пак, ЕК го поддржува фашизмот

Фото: Принтскрин видео Јутјуб

Фон дер Лајен нема буквално никаква фамилијарна, идеолошка или каква било поврзаност со Хитлер, наспроти проруската пропаганда која се труди да го докаже спротивното. Во објавата се споделуваат фотографии од сосема неповрзани, различни временски периоди, со цел да се направи паралела околу симболиката на поздравувањето или невербалниот јазик употребен од страна на претседателката на ЕК во една официјална средба. Исто така, нема никаква идеолошка, фактичка или преносна поврзаност меѓу институциите на ЕУ, Европскиот парламент или Европската комисија, со фашизмот и нацизмот

Фон дер Лајен нема буквално никаква фамилијарна, идеолошка или каква било поврзаност со Хитлер, наспроти проруската пропаганда која се труди да го докаже спротивното. Во објавата се споделуваат фотографии од сосема неповрзани, различни временски периоди, со цел да се направи паралела околу симболиката на поздравувањето или невербалниот јазик употребен од страна на претседателката на ЕК во една официјална средба. Исто така, нема никаква идеолошка, фактичка или преносна поврзаност меѓу институциите на ЕУ, Европскиот парламент или Европската комисија, со фашизмот и нацизмот

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделуваат две фотографии. На првата е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен како се поздравува со друга политичарка на средба која е со официјален протокол, а на втората е Хитлер кој држи говор. Во објавата пишува:

Крвта вода не бидува.

Од самиот почеток на руската воена инвазија врз Украина евидентен е целосен бран на објави кои имаат за цел да ги презентираат институциите на Европската Унија, нивните политичари, како и сите членки на НАТО кои на некаков начин ѝ помагаат на Украина да го оствари своето загарантирано право на самоодбрана, како фашисти или нацисти.

Доказ за тоа се многубројните фотомонтажи, лажни информации, а кои имаат за цел да ги оцрнат лидерите на европските институции меѓу кои и претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен. Не се непознати ниту оцрнувања на идеолошки или политички опоненти на Владимир Путин, за што веќе пишувавме.  На пример, како што Вистиномер веќе забележа, претседателката на Европската Комисија веќе беше невистинито поврзана со Хитлер преку фотографија со сосема лажни информации.

Она што се тврдеше беше дека бабата на Фон дер Лајен се поздравила со Хитлер и за таа цел беше користена фотографија од сосема друга девојка, која ниту е поврзана со бабата на Фон дер Лајен, ниту пак, со самата претседателка на ЕК. Такво нешто не постои. Имено, Фон дер Лајен нема буквално никаква фамилијарна, идеолошка или каква било поврзаност со Хитлер, наспроти проруската пропаганда која се труди да го докаже спротивното базирано на комплетно нелогични и неаргументирани споредби.

Во истиот контекст, во објавата што ја рецензираме, се споделуваат фотографии од сосема неповрзани, различни временски периоди, со цел да се направи паралела околу симболиката на поздравувањето или невербалниот јазик употребен од страна на претседателката на ЕК во една официјална прилика.

На фотографијата се наоѓа претседателката на Словачка во заминување, Зузана Чапутова, заедно со претседателката на Европската комисија. Дека станува збор за стара дезинформација која се рециклира дури и на средината на 2024 година покажува тоа што странските проверувачи на факти на 3 август 2021 година објавуваат за оваа манипулација и пропаганда во која со невистинита аналогија за наводен фашизам, се прави обид да се дискредитираат лидерите на европските институции.

Дури и словачката полиција изреагирала за објавената фотографија со следното соопштение:

Поради апсурдноста на оваа теорија на заговор, не планиравме да реагираме на неа. Очигледно е дека претседателката Чапутова не ни ги има прекрстено рацете. Од невербална точка на гледање на работите, станува збор за гест на искрена, заемна почит.

И папата стана дел од оваа теорија на заговор за непостоечката поврзаност со Хитлер, а тоа го наведоа и словачките медиуми. Фотографијата каде што папата е вмешан во оваа невистинита теорија на заговор, може да ја погледнете на следниот линк.

Според полицијата на Словачка откривањето на мистериозни асоцијации претставува национален спорт за некои луѓе.

Идејата дека членови на тајно друштво разменуваат тајни пораки во јавност пред камери, а кои пак, секогаш се разоткриени од теоретичарите на заговори, е базичната идеја врз која почиваат овие измами, заклучуваат од полицијата.

Да се прави паралела меѓу фашизмот и Европската комисија е во најмала рака дегутантно, поради тоа што оваа институција во повеќе наврати јасно и прецизно стои на спротивната страна на историјата.

Европскиот парламент предложи членките на ЕУ да состават програми за да им се помогне на луѓето кои се дел од неофашистички и неонацистички групи, за да можат да се одделат од нив, да ги напуштат и да го продолжат животот (ресоцијализација).

Оттаму објавија дека се загрижени од зголемениот тренд на нормализација на фашизмот, расизмот и ксенофобијата и ги повикаа сите земји членки на Европската Унија да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи.

Следуваше и охрабрување националните влади ефективно да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи и сите други фондации и асоцијации кои го глорифицираат нацизмот или фашизмот.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Нема крвно сродство меѓу Фон дер Лајен и Хитлер, ниту пак, идеолошка, фактичка или преносна поврзаност меѓу институциите на ЕУ, Европскиот парламент или Европската комисија со фашизмот и нацизмот.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција