Девојката од фотографијата нема никаква врска со предците на Урсула фон дер Лајен

Фото: europarl.europa.eu

Објавата шири невистини за предците на претседателката на ЕК. Девојката која се поздравува со Хитлер, а за која во објавата се тврди дека е баба на Урсула фон дер Лајен, е рурална девојка од градот Бакебург. Предците на Фон дер Лајен немаат никаква врска со Бакебург. Тие имаат потекло од Хановер и Бремен. Згора на тоа, тие не биле рурални луѓе, туку богати и многу учени

Објавата шири невистини за предците на претседателката на ЕК. Девојката која се поздравува со Хитлер, а за која во објавата се тврди дека е баба на Урсула фон дер Лајен, е рурална девојка од градот Бакебург. Предците на Фон дер Лајен немаат никаква врска со Бакебург. Тие имаат потекло од Хановер и Бремен. Згора на тоа, доаѓаат од урбани средини и припаѓаат на едуцирани и деловни кругови

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која изнесува невистини за потеклото на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поврзувајќи ја со нацизмот и со Хитлер.

Објавата споделува фотографија на која се гледа млада жена како се поздравува со Хитлер, придружена со опис кој сугерира дека жената е бабата на Фон дер Лајен која „не си ги измила рацете еден месец по оваа скапоцена прилика“.

Инаку ова е да се знае која е по*раната (урсула) германка, кое и е потеклото, стои во објавата што ја анализираме. 

Вистиномер ја пребара фотографијата на Гугл, а го пребаравме и потеклото на Урсула фон дер Лајен. Според она што го најдовме, дојдовме до заклучок дека фотографијата нема никаква врска со бабата на Фон дер Лајен.

Имено, фотографијата може да се најде на Гети имиџис, сајт за продажба на фотографии, по цена од 150 до 475 евра. Во описот на фотографијата пишува:

1937: Адолф Хитлер се ракува со традиционално облечена селанка за време на посетата на Бакебург. (Фото: Central Press/Getty Images)

Истата фотографија со следниот опис може да се најде  тука.

Руралните млади на денот на земјоделците во Бакебург, пишува меѓу другото во описот.

Значи, станува збор за неименувана рурална девојка од Бакебург.

Што се однесува до потеклото на Фон дер Лајен, таа нема никаква врска со овој град.

Татко и мајка на Урсула фон дер Лајен се Ернст Албрехт и Хајди Адел Стромаер. Повеќето од нејзините предци биле од поранешните покраини Хановер и Бремен во денешна северозападна Германија; таа има една американска прабаба првенствено со британско потекло, со подалечни француски и италијански предци и некои предци од денешните балтички држави, тогаш во Царска Русија.

Нејзините предци, од таткова страна, доаѓаат од урбани средини и припаѓаат на едуцирани и деловни кругови. Семејството Албрехт била меѓу хубше („дворски“ или „отмени“) семејствата на електоратот и на Кралството Хановер – држава која била во лична заедница со Обединетото Кралство, а нејзините предци уште тогаш биле лекари, адвокати и државни службеници од 17 век. Нејзиниот пра-прадедо Георг Александар Албрехт се преселил во Бремен во 19 век, каде што станал богат трговец со памук, дел од ханзеатската елита и австроунгарски конзул од 1895 година. Тој се оженил со Лујза Доротеа Бети фон Кнуп, ќерка на баронот Јохан Лудвиг фон Кнуп, еден од најуспешните претприемачи на Руската империја во 19 век.

Бабата и дедото на Фон дер Лејен од страна на таткото биле трговците со памук. Карл Албрехт (1875–1952) и Мери Ладсон Робертсон (1883–1960), Американка која припаѓала на семејство со плантажи од Чарлстон, Јужна Каролина. Нејзините американски предци одиграле значајна улога во британската колонизација на Америка.

За мајка ѝ, Хајди Адел Албрехт, најдовме податок дека била родена на 31 јули 1927 година во близина на Бремен. Таа починала на 6 јули 2002 година во Бејнхорн во близина на Бургдорф.

Од сето ова може да се заклучи дека објавата шири невистини за предците на претседателката на ЕК. Девојката прикажана на фотографијата, која се поздравува со Хитлер, а за која се тврди дека е баба на Урсула фон дер Лајен, е рурална девојка од градот Бакебург. Предците на Фон дер Лајен немаат никаква врска со Бакебург. Тие имаат потекло од Хановер и Бремен. Згора на тоа, тие не биле рурални луѓе, туку доаѓаат од урбани средини и припаѓаат на едуцирани и деловни кругови. Поради сето ова, објавата ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција