(Не)вистини за коронавирусот и пушењето

 

Во време на глобална пандемија со коронавирус масовно се шират различни (дез)информации за лековите или начините за борба против Ковид 19. Во нашата земја, како и во регионот, се појавија  вести за студии поврзани со пушењето како „лек” против вирусот. Во соседна Албанија (на пример) на интернет се ширеа објави дека пушачите се помалку изложени на ризик од КОВИД-19.

Изворот на овие информации беше француската студија што ја објавија неколку француски научници на 22 април (2020) во магазинот „Qeios“, а која предизвика низа реакции во Франција и пошироко. Резултатите претставени од овие научници беа изненадувачки бидејќи процентот (бројот) на пушачи кај луѓето заразени со Ковид – 19 беше мал.

Да појасниме  дека споменатата студија спроведена во париската универзитетска болница „Питие-Салпетриер“ се фокусира само на 350 хоспитализирани пациенти и 130 полесни пациенти примени на лекување, сите тестирани и позитивни на „Ковид 19“.

Гледавме дали овие пациенти пушат повеќе или помалку од општата популација од ист пол или иста возраст, споредувајќи ги податоците за општата популација кои датираат од 2018 година. Заклучивме дека има многу малку пушачи кај овие пациенти, објаснува професорот за интерна медицина Захир Амура, кој ја спроведе студијата.

Откривме само 5 отсто пушачи кај овие пациенти, што е многу ниско. Во основа, кај пациентите со Ковид-19 имаме 80 отсто помалку пушачи отколку кај општата популација на ист пол и иста возраст, додаде тој.

Но, веднаш после овие информации, францускиот министер за здравство Оливие Веран побара Французите да не купуваат цигари и да не пушат. „Не смееме да ги заборавиме штетните ефекти на никотинот и да не ги мешаме истражувањата и утврдените факти“, инсистираше Верен, потсетувајќи дека пушачите кои се наоѓат моментално во болници имаат тешки форми на„ Ковид-19 “.Тој ги потсети граѓаните дека пушењето убива 70.000 луѓе годишно и дека ова студија е само хипотеза, сè додека не се потврди спортивното.

А, што вели Светската здравствена организација СЗО?

Светската здравствена организациј има став дека пушењето  не само што не помага во борбата против КОВИД-19, туку напоротив пушачите се поризична категорија за инфекција и борба против вирусот. Во ворска со пушењето од СЗО соопштија:

Пушачите се со поголема веројатност да бидат подложни на KОВИД-19, бидејќи чинот на пушење значи дека прстите (и евентуално загадена цигара) се во контакт со усните, што ја зголемува можноста за пренесување на вирусот од рака на уста. Пушачите исто така може да имаат заболувања на белите дробови или намален капацитет на белите дробови, што во голема мера ќе го зголеми ризикот од сериозни заболувања.

Направите за пушење (како луле, наргиле) што може да го олеснат пренесувањето на KОВИД-19

Состојбите кои ги зголемуваат потребите за кислород или ја намалуваат способноста на телото да го користи правилно, предизвикуваат пациентите да бидат изложени на поголем ризик од сериозни белодробни заболувања како што е пневмонијата.

 

Пишува: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција