Никола Груевски: „Они годишно во медиумите вбризгуваат околу 6-7 милиони евра секоја година“
Во емисијата Јади Бурек, во петокот, премиерот Никола Груевски изјави дека Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ) во медиумите внесува „6-7 милиони евра годишно секоја година“. Еве ја изјавата на премиерот во целост:
Тука имаат огромна поддршка од организациите кои ги финансира Институтот отворено општество (се мисли на ФООМ, н.з.), бидејќи тоа е меѓународно вмрежено, нели има такви институти во многу држави… (водителот влетува со коментар, н.з.)
Па имаше објавено во медиумите дека они годишно во медиумите вбризгуваат околу 6-7 милиони евра, секоја година. Мислам… околу… некоја сума… не можам сега точно да се сетам на износот, но беше објавен во медиумите (водителот влетува со коментар, н.з.) …плус за невладини организации…
…Мислам дека околу 100 милиони евра имаат инвестирано во Македонија од независноста до денес, главно во медиуми и финансирање невладини организации, можеби на некој начин и политички партии, директно или индиректно. Во секој случај, тој дел значајно им го одработува оваа организација финансирана од милијардерот Сорос.
[Датум: 23.01.2015, извор: Сител 3 ТВ]
Еве ја изјавата и во видео фромат во траење од 1 минута и 45 секунди:
Образложение:
Медиумите никогаш немаат објавено дека ФООМ во медиумите вбризгува 6-7 милиони евра годишно. Она што е објавено е дека севкупниот буџет на Фондацијата во 2012 година изнесувал 5 милиони евра (точната цифра е 4,83 милиони евра). Од тие пари, како што објаснува и самиот овој напис, повикувајќи се на годишниот извештај на ФООМ, за вкупни донации (значи не за донации само за медиуми, туку вкупно – невладини организации, медиуми, поединци и друго) таа година се потрошени 1,9 милиони евра. Како што може да се види и од финансискиот извештај на Фондацијата за 2013 година, вкупните приходи биле во сличен износ од 5,2 милиони евра.
Покрај ова, не е објавено во медиумите дека „од независноста до денес“ ФООМ има инвестирано 100 милиони евра, туку е објавено дека Фондацијата од 1992 до 2013 година има потрошено 92 милиони евра. Но, овој напис не објаснува како е добиена сумата во евра од 1992 до 1999 година кога еврото не постоеше. Следствено на тоа, не е објаснето дали во оваа сума од „92 милиони евра“ е вклучена или не инфлацијата (92 милиони евра во 1992 и во 2013 не е исто – повторно истата напомена од 1992 до 1999 еврото не постоеше, па не е јасно како е направена математиката). Во секо случај, 100 милиони евра не се спомнуваат.
Но, сето ова не е ни битно. Она што е битно е фактот што ФООМ во две прилики (на крајот на 2013 година и на средината на 2014 година) ги објави износите на своите донации до медиумите и во тие износи нема никакви „6-7 милиони евра секоја година“, туку износот е под 900.000 евра за период од 5 години од 2009 до 2013 година.
Еве ги двете објави:
Извори:
Гостувањето на премиоерот во емисијата Јади бурек [Пристапено на 25.01.2015], https://www.youtube.com/watch?v=dCQm52omBBU (комплетна верзија), http://www.tubechop.com/watch/4542682 (горната изјава)
Ексклузивно: СОРОС со буџет од неверојатни 5 милиони евра ставени на располагање на опозицијата [Пристапено на 25.01.2015], http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/141665-Ekskluzivno-SOROS-so-budzet-od-neverojatni-5-milioni-evra-staveni-na-raspolaganje-na-opozicijata
Погледнете како СОРОС ги трошела своите 92 милиони евра [Пристапено на 25.01.2015], http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/171247-Poglednete-kako-SOROS-gi-trosela-svoite-92-milioni-evra
Архива на финансиски извештаи на ФООМ [Пристапено на 25.01.2015], http://www.soros.org.mk/mk/Home/NewsArticle?newsID=349&catID=5
Аларм 14: Кој ги загрозува медиумските слободи [Пристапено на 25.01.2015], https://fbcdn-sphotos-a-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xpa1/v/t1.0-9/s720x720/10373707_10152147862655800_8272189003709952984_n.png?oh=44405b05b939587ec24290ab4bcf468e&oe=55604B62&__gda__=1431655325_a0554cba718a305dd068caec83c2b1a1
Аларм 9: Во одбрана на загрозените медиумски слободи [Пристапено на 25.01.2015], https://fbcdn-sphotos-d-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xpf1/t31.0-8/s720x720/1483893_10151779759375800_1880722517_o.png
Оценил: Владимир Петрески
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар