Никола Груевски: Присуството на новинарите во Собрание е пракса, но не и пишан документ

Никола ГруевскиИнтервенцијата на службите задолжени за безбедноста во Собранието беше легитимна, законска и во правец на заштита од кршење на Уставот. Отстранувањето на новинарите од галеријата, за чие присуство токму во таа галерија има само пракса, но не и законска обврска или пак пишан документ, беше дел од пошироката безбедносна стратегија во кризна состојба. [Датум: 23.08.2013 | Извор: А1он]

Образложение:

Во својот говор од 23.08.2013, премиерот Никола Груевски напомена дека присуството на новинарите во галеријата на Собранието на РМ е само пракса, и дека за тоа нема законска обврска или пак пишан документ (Видео од 03:28 до 03:53). Сепак, ако се разгледа деловникот на Собранието на РМ, јасно може да се забележи дека преку членовите 226 и 227 е регулирано присуството на граѓаните и на претставниците на средствата за јавно информирање на седниците на Собранието на РМ. Членот 226 од деловникот гласи:

ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МОЖАТ ДА ГИ СЛЕДАТ СЕДНИЦИТЕ НА СОБРАНИЕТО И НА РАБОТНИТЕ ТЕЛА ОД ГАЛЕРИИТЕ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРОПИСИТЕ ЗА ВНАТРЕШНИОТ  РЕД НА СОБРАНИЕТО.

Членот 227, кој директно го регулира присуството на претставниците на средствата за јавно информирање на седниците на Собранието и на работните тела, гласи:

ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРОПИСИТЕ ЗА ВНАТРЕШНИОТ РЕД НА СОБРАНИЕТО, МОЖАТ ДА ПРИСУСТВУВААТ НА СЕДНИЦИТЕ НА СОБРАНИЕТО И НА СЕДНИЦИТЕ НА РАБОТНИТЕ ТЕЛА ЗАРАДИ ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА НИВНАТА РАБОТА.

Од ова може да се заклучи дека присуството на новинарите и граѓаните на седниците на Собранието на Република Македонија не е само воспоставена пракса, туку е и регулирано со пишан документ, деловникот на Собранието на Република Македонија. Според тоа, оваа изјава на премиерот Никола Груевски се оценува како невистинита.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција