#Одговорност е вода без арсен во Гевгелија

 

Гевгеличани со години пијат вода загадена со арсен. Иако невладината организација „Арсена“ постојано укажува дека водата за пиење е загадена, Општина Гевгелија дури во септември годинава објави тендер за изградба на нов водоснабдителен систем во градот.

Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, изјави дека новиот водоснабдителен систем во Гевгелија се гради затоа што градот има потреба од дополнителни количества вода. Тој тврди дека водата во Гевгелија е чиста, но дека локалните власти сакаат да го тргнат секој сомнеж.

Арсена“ во јули годинава ја објавија анализата на примерок вода од гевгелискиот водовод, која покажа присуство на енормни количества арсен, но и на тешкиот метал ванадиум, а за изјавата на Франгов велат дека е замајување на јавноста и изборен маркетинг.

Како што пишува во огласот објавен на веб-страницата на Општината, водоснабдителниот систем ќе се градел со кредит од Светска банка и со грант од ИПА-програмата.

Со проектот е предвидено да се изградат два нови бунари кај реката Вардар, потисен цевковод и резервоар на Мрзенски рид.

Според Светската здравствена организација, арсенот е еден од најсилните отрови, кој во многу мали дози убива бавно, но ефикасно. Предизвикува многу негативни последици, а според некои научници, се сврзува директно за човековата ДНК. Предизвикува кршење на хромозомите и нивно скратување, што води до генетски нарушувања на коскената срж, односно предизвикува леукемија.

 

Гевгеличани со години пијат вода загадена со арсен

Анализата покажа присуство на арсен и ванадиум кое е 97% повисоко од здравствено пропишаните норми за употреба на водата.

Арсенот е еден од најсилните отрови, кој во многу мали дози убива бавно, но ефикасно

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција