Тетово сè уште нема јавен превоз

Pixabay

 

Ветување: Јавен превоз во Општина Тетово. Јавниот превоз на Тетово ќе се организира во системот на модерен интегриран градски и урбан транспорт. Меѓуградски, со редовни линии во урбаните заедници и меѓуградски, кои ќе ги користат заедничките станици.

[Извор: Предизборна дебата Порталб.мк , датум:14.12.2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за јавен превоз во Тетово, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи го даде во својот прв мандат во Програма за локалните избори 2013 година „Заедно градиме, а истото го повтори и во дебатата организирана од „БИРН Косово“ и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година. Ова ветување на Арифи сè уште не е исполнето.

Иако изминативе години повеќепати имаше најави за воспоставување  јавен градски превоз, вклучително и ветувања дека Општината тоа ќе го реализира со свои сили, сепак тоа досега (15.01.2020) не се случи.

На 06 јануари оваа година (2020) „Алсат М“ информираше дека течат административните и финансиските процедури за набавка на автобусите меѓу Општината, Министерството за финансии и Светска Банка. Првиот човек на Советот на Општината, Беким Мемети за „Алсат М“ изјави  дека очекуваат одобрување за набавка на автобусите во вредност од 73 милиони денари.

Сакам да кажам дека тоа помина на состанокот со Светската банка, како барање за позајмување до Министерството за финансии помина, и сега очекуваме да биде одобрено.

Во истиот текст на „Алсат М“ е пренесена и  изјава  од Министерството за финансии дека по комплетирањето на проектната документација таа  ќе биде доставена до Светската банка.

 Барањето на Општина Тетово за набавка на пет автобуси е одобрено од Светската банка и од Министерството за финансии. Сега се очекува да се заврши финалната проектна документација која потоа ќе биде доставена до Светската банка за набавка на автобусите.

Па, имајќи предвид дека сè уште е во тек процедурата за набавка на автобусите и не се кажуваат конкретни рокови кога може да се очекува да се финализира целата постапка,  ветувањето на Арифи за воведување јавен превоз во Тетово, го сметаме за неисполнето.

****

„Вистиномер“ до крајот на мандатот на градоначалничката Арифи (октомври 2021) повторно ќе се наврати на ова нејзино изборно ветување.

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Дрилон Салиу

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција