Петре Латиновски

 

Петре Латиновски е првиот градоначалник на Општина Бутел. Тој на оваа функција дојде на локалните избори во 2005 година и ја извршува веќе трет мандат.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Петре Латиновски е роден на 29.10.1954 година во село Радишани. Тој е оженет, татко на две децa и дедо на две внучиња.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Природно – математичкиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,  на отсек Географија.

 

КАРИЕРА

Од 1978 година до 1999 година работи како професор во ДСУ за економија и биротехника „Арсени Јовков”. Од 1999 година до 2003 година е Директор на истоименото училиште.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Петре Латиновски во 2005 година е избран за прв градоначалник на општина Бутел, а таа функција ја врши и во следните два мандата, односно 2009-2013 и 2013-2017 година.

 

Крстот на Светски Македонски Конгрес што предизвика тензии

Неговото име како градоначалник на општина Бутел е поврзано со започнувањето со изградба на крстот кој беше донација од Светскиот Македонски Конгрес под покровителство на Тодор Петров, како негов претседател. За време на осветувањето на темелите на крстот на 27 февруари 2016 година имаше насилни протести, а жртва беше токму иницијаторот Тодор Петров.

Поставувањето на крстот и следните денови  предизвка лавина протести и контра протести. Протестираа Албанци со поставување шатори, за да ја спречат изградбата на крстот. Другата страна предводена од Петре Латиновски, протестираше пред МВР и од тогашниот министер Спасовски бараа да ја обезбеди изградбата на крстот со полициска асистенција.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на општина Бутел – Градоначалник

Телма – Осветен крстот во Бутел, донаторот претепан (27 февруари 2016)

Плусинфо – Прекинуваат протестите пред МВР (11 март 2016)

Телеграф – ГИ СОБРАА ШАТОРИТЕ: ДУИ го прекина протестот во Бутел (5 март 2016)

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција