Почнати се подготовки за изградба на нова градинка во Струмица
Ветување: Изградба на нова градинка во Касарна
[Извор: Изборна програма на Коста Јаневски за локалните избори 2017-2021 – „Живот во Струмица за сите“ (стр.12); датум: октомври 2017]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на струмичкиот градоначалник, Коста Јаневски за изградба на детска градинка во новата населба во поранешната Касарна во Струмица, е во тек на реализација. Проектот е дел од неговата предизборна програма насловена како: „Живот во Струмица за сите“ , дадено во поглавјето „Општината за сите нас“ (стр.12).
Подготвителните активности за изградбата на новата градинка во населбата Касарна започнаа на крајот на минатиот месец (27.02.2020). Според планираното, објектот ќе се гради на површина од 1.443 м² со приземје и кат и ќе располага со капацитет за 300 деца, а предвидениот рок за изградба е 16 месеци.
Општинските власти уверуваат дека:
Новата градинката ќе биде изградена по најсовремени стандарди за згрижување на деца од предучилишна возраст и со неа ќе се реши проблемот со недостиг на капацитети во клоновите на градинката „Детска радост“ во Струмица.
Информација за тоа дека се подготвува теренот за изградба на градинката кај старата струмичка Касарна се објавени на веб-страницата на Општина Струмица, а истата ја пренесоа повеќе медиуми.
Имајќи предвид дека се отпочнати активности во правец на реализација на вететувањето, тоа според методологијата на „Вистиномер“ добива оценка „во тек“
ИЗВОРИ:
- Изборна програма на Коста Јаневски за локалните избори 2017-2021 – „Живот во Струмица за сите“ (стр.12)[Проверено на: 30.03.2020]
- Тајм.мк (27.02.2020): Струмица ќе добие нова градинка [Проверено на: 30.03.2020]
- Струмица денес (27.02.2020): Струмица ќе добие нова градинка: започна изградбата на детската градинка во населбата Касарна во градот! [Проверено на: 30.03.2020]
- И-портал (27.02.2020): Почна да се гради новата Детска градинка во комплексот на поранешната Касарна во Струмица [Проверено на: 30.03.2020]
- Веб-страница на Општина Струмица (27.02.2020): Ќе се гради новата градинка во поранешната касарна [Проверено на: 30.03.2020]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар