После осум години ветувања Teтово конечно доби јавен превоз

Општина Тетово

Ветувањето за организирање јавен превоз во Тетово, градоначалничката Теута Арифи го даде во својот прв мандат, во програмата за локалните избори во 2013 година -„Градиме заедно“, а истото повторно го вети и на почетокот од нејзиниот втор мандат, за време на дебатата организирана од „БИРН Косово“ и „ Portalb.mk “ во декември 2017 година. Ова ветување на Арифи е исполнето, но тоа е направено со прилично големо задоцнување од речиси осум години. Првите градски автобуси конечно почнаа да сообраќаат на тетовските улици минатиот месец .

Ветување: Јавен превоз во Општина Тетово. Јавниот превоз на Тетово ќе се организира во системот на модерен интегриран градски и урбан транспорт. Меѓуградски, со редовни линии во урбаните заедници и меѓуградски, кои ќе ги користат заедничките станици.

[Извор: Предизборна дебата Порталб.мк , датум:14.12.2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за организирање јавен превоз во Тетово, градоначалничката Теута Арифи го даде во својот прв мандат во програмата за локалните избори во 2013 година -„Градиме заедно“, а истото повторно го вети и на почетокот од нејзиниот втор мандат, за време на дебатата организирана од „БИРН Косово“ и „ Portalb.mk “ во декември 2017 година. Ова ветување на Арифи е исполнето, но тоа е направено со прилично големо задоцнување од речиси осум години.

На 14.12.2020, медиумите од Општина Тетово, објавија дека е постигнат договор за набавка со нови автобуси:

Денеска беше потпишан договор со најповолниот понудувач избран во постапката за набавка. Според договорот, од денеска рокот е 6 недели  економскиот оператор е обврзан да донесе 5 автобуси, соопшти Општина Тетово.

На 17 јануари оваа година (2021), во Тетово стигнаа петте автобуси, а Арифи за медиумите изјави:

Сакам да го започнам говорот со многу едноставна реченица -Тетово со организиран и градски превоз. Денес стоиме заедно пред вас, гордо да сведочиме дека Тетово ќе има организиран градски превоз.

Но, тетовци требаше да чекаат дури 8 месеци за да профункционира градскиот превоз. Минатиот месец, на 16 август,  медиумите информираа дека четири години откако е формирано ЈП „Тетово транспорт“ и осум месеци откако пристигнаа петте автобуси, конечно проработе јавниот градски превоз во Тетово.

Тогаш, на свеченото пуштање на употреба на два од петте автобуси преседавачот на Советот на Општина Тетово, Беким Мемети, изјави:

Денеска е голем ден за Тетово бидејќи е завршен уште еден голем проект. Заврши уште една долга приказна, уште една успешна мисија. На граѓаните на Тетово им посакувам што повеќе да го користат градскиот јавен превоз, со цел да имаме што е можно помалку метеж на тетовските сообраќајници. Цената на превозот ќе биде 20 денари, но исто така имаме обезбедено бенифиции за учениците, студентите и социјалните случаи, кои ќе можат да се возат по пониски цени.

Меѓутоа, од првиот ден возачите на автобуси се соочија со потешкотии поради густиот сообраќај, а особено паркинзите. Инаку, првите десетина дена колку што трае тест периодот, ќе работи само една линија којашто жителите ќе можат бесплатно да ја користат.

Па, и покрај големото задоцнување во реализацијата на ветувањето на Арифи за организирање јавен превоз во Тетово, со оглед на тоа што после осум години првите градски автобуси конечно почнаа да сообраќаат на тетовските улици, сепак ова нејзино ветување го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција