Промоција на Прирачникот за верификација на дезинформации и медиумски манипулации

Фото: Прирачник за верификација на дезинформации и медиумски манипулации, од насловната страница

Вчера Центарот за развој на медиум одржа панела дискусија за промоција на „Прирачник за верификација на дезинформации и медиумски манипулации“. Овој прирачник е изработен во рамки на проектот „Проверка на факти пред објавување во борбата против дезинформациите“ во издание на Европскиот новинарски центар (European Journalism Centre). Подготвен е превод на прирачникот на македонски и на албански јазик и поддржан од Амбасадата на САД

Вчера Центарот за развој на медиум одржа панела дискусија за промоција на Прирачник за верификација на дезинформации и медиумски манипулации. Овој прирачник е изработен во рамки на проектот Проверка на факти пред објавување во борбата против дезинформациите во издание на Европскиот новинарски центар (European Journalism Centre). Подготвен е превод на прирачникот на македонски и на албански јазик и поддржан од Амбасадата на САД

 

 

Вчера Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) подготвија панел-дискусија за промоција преводите на Прирачникот за верификација за дезинформации и медиумски манипулации на македонски и на албански јазик. Преводот на прирачникот, издание на Европскиот новинарски центар (European Journalism Centre), е направен во рамките на проектот Проверката на факти пред објавувањето во борбата против дезинформациите, поддржан од Амбасадата на САД. 

Панел-дискусијата ја отвори Долорес Прин, претставничката за односи со јавност при Амбасадата на САД, којашто ја нагласи важноста за овој прирачник особено во предизборниот период. 

Од ЦРМ пишуваат дека целта на овој прирачник е да им се помогне на новинарите во Северна Македонија полесно да се справуваат со притисоците на новиот, хаотичен информативен еко-систем.

„Под притисок на „24-часовниот циклус на вести“, потребата да се биде прв и брз, поради потребата да се објави она што ќе привлече најмногу очи и најмногу кликови па ќе може да се монетизира, новинарите често, без каква било желба или намера можат да станат несвесни помагачи и соучесници на оние што не им сакаат добро на нашите политички или вредносни системи или, во крајна линија, на оние што се заинтересирани да ни продадат „чудотворни мелеми и лекови,“ пишуваат од ЦРМ.

Меѓу панелистите од Македонија говореа Билјана Георгиевска од советот за етика во медиумите, Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и налатикиа, како и Владо Петревски главниот уредник на Вистиномер. Зборува опширно за различни аспекти на верификацијата на информациите и проверката на фактите, како и за улогата што мејнстрим медиумите (треба да) ја имаат во борбата против дезинформациите. А, се имаше излагање и Крег Силверман од еминентата организација за истражувачко новинарство ПроПублика. 

Панелистите од државата повеќе зборуваа за проблемите со македонските медиумиски екосистем, фактот што за разлика од други држави каде има консолидација на медиумите односно купување на помали медиуми и портали, кај нас се случува фрагментација – особено во предизборните периоди кога анонимни портали „никнуваат како печурки после дожд“. Според нив, тоа доведува до т.н. „пижама новинарство“ односно редакции со помалку од три вработени каде само се реобјавуваат натписи со цел да се добијат повеќе кликови или да се привлече најмногу внимание што може да се монетизира. Од друга страна, се спомена дека ваквото брзо реобјавување на содржини може да направи штета без каква било желба или намера и несвесно да станат помагачи и соучесници во ширењето на дезинформации.

Силверман повеќе се осврна на содржината на прирачникот што има за цел да „обезбеди упатства за начинот на водење на истраги на операциите за дигитални медиумски манипулации, дезинформирање и информирање.“ Но, и други техники и начини на размислување при соочување со дезинформации и малициозни актери. 

Прирачникот може да се преземе на следните линкови:

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција