Радмила Шекеринска: Македонија е најлоша во регионот по способностите и знаењата на учениците по математика и наука

[Извор: ПлусИнфо | Датум: 29.01.2014]
[Извор: ПлусИнфо | Датум: 17.12.2013]
[Извор: ПлусИнфо | Датум: 17.12.2013]

[…] Знаете што велат последните ПИСА тестови? Последните што се решија да се прават… Еве, погледнете ја Македонија, во својот регион. Најлоша. Погледнете ги бројките. На тестирањето направено и за математика и за наука во 2011 година нема полоша држава во Европа од нас. Ама не само Европскиот континент што ние го размислуваме, тука е и Ерменија, Грузија. Државата со која доаѓаме блиску е Монголија. Друга држава со која сме блиску е Тунис, во Северна Африка позната како регион со слабо образование. […]

Образложение:

Во последното истражување спроведено од Организацијата за економска соработка и развој, односно според ПИСА тестот, спроведено во 2012 година, може да се забележи дека Р. Македонија не е на листата на држави каде што бил спроведен овој тест.

Последен пат кога овој тест бил спроведен во Р. Македонија е 2000 година, а не 2011 година. Ова истражување се спроведува на 3 години, односно во 2000, 2003, 2006, 2009 и последното во 2012 година.

Според податоците од истражувањето во 2000 година, кога Р. Македонија, за последен пат учествувала, може да се заклучи дека во делот на математика рангирана е на најниска позиција во регионот. Полошо рангирани од Македонија се само: Индонезија, Бразил и Перу.  Што се однесува во делот наука, од државите во регионот Албанија е на полоша позиција. Односно во ова класификација, од Македонија полошо рангирани се: Аргентина, Индонезија, Албанија, Бразил и Перу.

Линкови:

Оценето од Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција