Реконструирана е улицата „Никола Карев“ кај Железничка
Реконструкција на улицата Никола Карев, од раскрсницата со булевар Трета македонска бригада до раскрсницата со булевар Кузман Јосифовски – Питу
[Извор: Официјална веб-страница на Град Скопје; Датум: април 2020г.]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на прес-конференција во април минатата година (2020), најавувајќи градежна офанзива на градските сообраќајници, меѓу другото, вети и реконструкција на улицата „Никола Карев“ кај Железничката станица во Скопје. Ова негово ветување е исполнето, реконструцијата на споменатата сообраќајница е завршена во октомври (2020).
Реконструкцијата на улицата „Никола Карев“ стартуваше во септември и го опфати потегот од крстосницата со улицата „Трета македонска бригада“ до булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, во должина од 510 метри.
Градежните работи на споменатата делница завршија во средниата на октомври. Од Град Скопје соопштија дека со реконструкцијата е целосно обновен асфалтот на улицата, направена е нивелација на сливниците и атмосферските шахти, како и замена на оштетените рабници. Од четирите постојни сообраќајни ленти на улицата „Никола Карев“ сега се направени три со што е обезбеден простор за велосипедистите.
Информација и фотографии за завршувањето на реконструкцијата на оваа сообраќајница се објавени на официјалната веб-страница на Град Скопје и во повеќе во медиуми.
ИЗВОРИ:
- Официјална веб-страница на Град Скопје (29.04.2020): Шилегов ја најави градежната офанзива за ова лето[Проверено на: 01.02.2021]
- Макфакс (30.04.2020): (Видео) Шилегов најави градежна офанзива ова лето [Проверено на:01.02.2021]
- Грид.мк (30.04.2020): Град Скопје со нова офанзива за изградба и реконструкција на градските улици[Проверено на: 01.02.2021]
- Веб-страница на Град Скопје (20.10.2020): Улицата Никола Карев пуштена во сообраќај со нов простор за велосипедистите [Проверено на: 01.02.2021]
- Тајм.мк (20.10.2020: Град Скопје: Нов простор за велосипедистите на улицата „Никола Карев“ [Проверено на:01.02.20121]
- Радио МОФ (20.10.2020: Град Скопје: Нов простор за велосипедистите на улицата „Никола Карев“ [Проверено на: 01.02.20121]
- Веб-странивца на Град Скопје (11.09.2020): Се реконструира улицата Никола Карев, кај Железничка [Проверено на: 01.02.20121]
- Грид.мк (11.09.2020): Се реконструира улицата Никола Карев, кај Железничка [Проверено на: 01.02.20121]
- Локално (11.09.2020): Започна реконструкција на улицата „Никола Карев“ кај Железничка [Проверено на: 01.02.20121]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар