Реновирано е основното училиште „Раметула Амети“ во село Чифлик

Фото:zhelina.gov.mk

Ветување: Реконструкција на училиштето во село Чифлик

Буџет: 3.233.527 денари

[Извор: Изборна програма на градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу за локалните избори 2017 , датум: октомври 2017] 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во програмата на градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, во делот Образование (стр. 2) е дадено ветување за реновирање на училиштето „Раметула Амети“ во село Чифлик. Ова ветување на Сејдиу, според проверката на Вистиномер е исполнето.

Реконструкцијата на училиштето  е завршена на крајот на август, информација и фотографии за тоа објави на Фејсбук градоначалникот на Желино:

Гледајќи дека учениците од ова село се соочуваат со тешки услови, во зграда изградена во периодот 1993-1994, решивме да се фокусираме на подобрување на условите во ова училиште.Оттогаш немаше радикална интервенција, освен мала интервенција во периодот 2011/12, само во делот на замена на прозорците. Училиштето беше во мизерна состојба, особено на санитарски аспект, вклучувајќи го и недостатокот на простор за канцеларии на персоналот.Со реализацијата на овој проект, ова училиште доби комплетно нов изглед.
Учениците на ова училиште ќе ја започнат учебната година во средина со соодветни услови за учење.

Вкупниот буџет на проектот беше во износ од 3.233.527 денари, од кои 2.700.000,00 денари донација од СДЦ-УНДП и 532.572 денари кофинансирање од Општина Желино.

Детали за  реконструкцијата на основното училиште „Раметула Амети“ – во селото Чифлик, која заврши на 31 август 2020 година,  соопшти градоначалникот на Сејдиу на последниот форум со граѓаните на општината на 23 септември 2020. Како што беше кажано оваа реконструкција вклучува:

  • Изградба на санитарните простории, комплетно нова
  • Нова мрежа за поврзување со системот за водоснабдување
  • Нова мрежа за поврзување со канализациониот систем
  • Нова канцеларија за училишниот педагог
  • Нова канцеларија за секретар на училиштето
  • Просторија за училишните материјали

Информација и фотографии за реконструкцијата на школото во Чифлик се објавени на веб-страницата на Општина Желино, а за тоа известија и неколку медиуми, меѓу кои и телевизјата ТВ Коха.

Имајќи ја предвид оваа аргументација ветувањето на градоначалникот Сејдиу за реновирање на училиштето во село Чифлик, го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција