Рецензија: КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ САШО АЛЧЕ
Личните податоци се нешто свето во демократијата. Затоа и постојат закони за тие да се заштитат. Притоа тие не познаваат дали се работи за невини, осомничени, обвинети, или обични граѓани. Значи, личните податоци се свети. Друга работа е што едно, исто така, свето правило во новинарството вели дека не смее да се изнесува целото име и презиме на осомничен или обвинет. И тоа од две причини. Затоа што тој е невин сѐ додека не се докаже спротивното, но и поради етичката димензија. Тука во овој текст ниту една од овие работи не е испочитувана. Затоа и го имаме за рецензија.
Линк до оригиналниот напис: КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ САШО АЛЧЕ
Датум и време на објавување: 26.06.2014
Датум на рецензирање: 27:06.2014
Рецензент: Владо Ѓорчев
ПРЕКРШЕНИ ПРАВИЛА
Текстот е информација од полициски билтен. Оттаму се земни сите податоци, но мора да се напомене дека во билтенот на МВР нема цело име и презиме, туку само иницијали. Значи, медиумот самоиницијативно го објавил идентитетот на осомничениот и со тоа прекршил неколку правила од Кодексот на новинари.
Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.
Целиот текст подолу е коректно пренесен од МВР. Но, спорен е насловот што го прави текстот неетички и го прекршува овој член од Кодексот на новинара:
7. Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.
Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост;
ПРОБЛЕМ СО НАСЛОВ И ФОТОГРАФИЈА
Самиот наслов е коментирање со што текстот добива друга димензија. Поради изнесувањето на идентитетот може да се заклучи дека се имало и пристрасност затоа што со тоа му е наенсена штета на обвинетиот по неговиот углед.
Текстот е оргинален не е преземен од никаде.
Насловот ја прави и најголемата грешка. Тој е виновникот за тоа што текстот се наоѓа тука.
Фотографијата, исто така, го крши Кодексот на новинари. Осомничениот е објавен и на фотографија што е спротивно на процедурите и стандардите за вакви вести.
Досега не ретко се објавувале вакви текстови. Посебно во локални медиуми каде што луѓето меѓу себе и повеќе се познаваат. Но, тоа не значи дека ако медиумот е повеќе насочен на информирање на локално ниво дека не треба да ги почитува сите новинарски правила. Секако дека треба, и во иднина не би смеело повеќе да се повторуваат вакви, да ги наречам почетнички грешки.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар