Се гради новиот дел од улицата „Есенинова“

Фото: skopje.gov.mk

Изградба на улицата Есенинова и подземни бунари со линиски системи

[Извор: Официјална веб-страница на Град Скопје; Датум: април 2020г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пред неколку месеци на прес-конференција, најавувајќи градежна офанзива на градските сообраќајници, меѓу другото, вети изградба и пробивање на улицата „Есенинова“, која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар, односно булеварите „Борис Трајковски“ и „Трета македонска бригада“. Реализацијата на ова негово ветување е „во тек“.

Изградбата – пробивањето на улицата „Есенинова“ почна минатиот месец . Новата улица ќе биде долга 730 метри, ќе почнува кај „Рампа“ во Кисела Вода, па покрај пругата кон амбулантата „Пролет“ ќе излегува на булеварот „Трета македонска бригада“.

Со овој коридор ќе се намали притисокот на раскрсницата кај „Тутунски комбинат“ бидејќи директната врска кон скопското сајмиште за граѓаните ќе значи многу побрзо патување и кратење за повеќе од десетина минути од времето потребно за движење, а ќе се намали и метежот во сообраќајот. Со тоа, ќе влијаеме на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух – рече градоначалникот  Шилегов, на почетокот на градежните работи на улицата „Есенинова“

Градските власти информираа дека новоизградената улица ќе биде со променлива ширина, односно, низ Кисела Вода ќе има  две коловозни ленти и тротоари од двете страни, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во булеварот „Трета македонска бригада“. Предвидено е да се постави улично осветлување со 20 столбови, нова водоводна и канализациска мрежа и да се дислоцираат постојните резервоари и бунари кои се наоѓаат на таа локација. Вредноста на договорот изнесува околу 71.000.000 денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 22 месеца.

Информација и фотографии за почетокот на пробивањето на улицата „Есенинова“ се објавени на  веб-страницата на Град Скопје и во повеќе медиуми.

 

ИЗВОРИ:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција