Се повторува пропагандата на Кремљ дека Русија спроведува денацификација во Украина

Фото:Арсений Капитонов fra Pixabay

Во извештајот за манипулација со странски информации, Европската служба за надворешни работи пишува дека еден од најчесто употребуваните наративи е:„Украина е наци и терористичка држава“, но и дека поддржува такви групи. Базата на податоци EUvsDisinfo содржи речиси 500 примери на про-Кремљ дезинформациски тврдења за „нацистичка/фашистичка Украина“. За потсетување, Украина го забрани промовирањето на нацизмот во 2015 година

Во извештајот за манипулација со странски информации, Европската служба за надворешни работи пишува дека еден од најчесто употребуваните наративи е:„Украина е наци и терористичка држава“, но и дека поддржува такви групи. Базата на податоци EUvsDisinfo содржи речиси 500 примери на про-Кремљ дезинформациски тврдења за „нацистичка/фашистичка Украина“. За потсетување, Украина го забрани промовирањето на нацизмот во 2015 година

 

Објава на Фејсбук ја шири добро познатата манипулација на Кремљ дека војната во Украина е поради нејзина денацификација. Со ова рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи ја воената инвазија „специјална воена операција“, постојано се обидува да ја оправда својата употреба на воена сила.

НА ПЕ***ЧЕТО ОД ЛГБТ ИЗГЛЕДА НЕ МУ Е ЈАСНО ШТО ЗНАЧИ ДЕНАЦИФИКАЦИЈА, посочува објавата, притоа аулидирајќи на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Повод за ваквата навредлива и дискриминациска објава е изјавата на Муцунски дадена во Вашингтон каде се одржа Самитот на НАТО, дека Македонија останува партнер на Украина, не само од политички, туку и од одбранбен и безбедносен аспект.

Тезата дека Русија во Украина спроведува денацификација е невистинита и истата е пропагандна флоскула која ја презентираше самиот Путин, за да ја оправда воената инвазија врз Украина што ја почна на овој датум, сосема неиспровоцирано. Бројни историчари тврдат дека воената агресија во Украина не може да се доведува во корелација со никаква денацификација.

Путин го злоупотребува терминот денацификација. Денацификацијата се однесува на одреден момент во историјата во поствоената ера, а тоа што Путин го користи овој термин е пропаганда насочена кон неговите стравови од моменталната демократска влада во Украина. Има многу специфично историско значење на денацификацијата, што претставува процес кој се случил во Германија после Втората светска војна, вели Тимоти Снајдер, експерт за Украина и автор на ,,Патот кон неслобода Русија, Европа, Америка за Тајм Магазин.

Тој додава дека во тоа време во Западна Германија било посветено внимание на високи нацистички лидери од страна на Американците и имало напори тие да бидат отстранети од јавниот живот.

Да се користи ова надвор од контекст, така како што тоа го прави Путин, е обид да се трансформира земјата и луѓето за кои тој зборува во нацистичка Германија. Нацист е член на националната социјалистичка партија во Германија во 1930 и 1940-тите, додава тој.

Професорот од Јејл Универзитетот, Џејсон Стенли вели дека денацификација е процесот што сојузниците го спровеле во Германија. Почнувајќи со нирнбершките судења, тие суделе и осудиле голем број нацисти, голем број од нив биле убиени и потоа тие ја замениле нацистичката идеологија во сите големи институции со луѓе кои биле недопрени од нацизмот.

Ги замениле со лидери кои се лојални на демократијата и ја замениле нацистичката идеологија со демократски практики, изјавил тој.

Омер Бартов, професор на Браун Универзитетот, посочува дека откако сојузниците влегле во Германија, тие истражувале некои поранешни членови на нацистичката партија.

Она на што се обидува да се потпре Путин е фактот дека во Украина има крајно десничарски елементи, кои би можеле да се опишат како неонацистички. Но, ова се незначајни елементи.

Баталјонот Азов како воена единица е основан во мај 2014 година. Како што наведува Ал Џезеира, тогаш, пред 10 години, стануваше збор за екстремна десничарска воена единица, чии членови се ултранационалисти и кои беа обвинувани за идеологијата блиска на супремација на белата раса. Единицата е создадена како доброволна група предводена од Андрија Билетски, а сочинета е од ултранационалистичката група „Патриоти на Украина“, а меѓу нив имаше и група сочинета од лица кои беа поклоници на неонацистичката идеологија. Како што пишува Ал Џезеира, тогаш и двете групи во Баталјонот Азов имаа неонацистички и ксенофобични идеали и физички напаѓале мигранти, Роми и други луѓе. Како баталјон групата се борела против проруските сепаратисти во Доњецк во источна Украина.

Но, тоа беше пред и околу периодот на првичните воени дејствија во источна Украина во 2014 и 2015 година. Денес Азов е единица, всушност неколку воени единици, кои се дел од редовните оружени сили. Неодамна и Стејт депшартментот го тргна Азов Баталјоното д листата на формации кои не смееја да добиваат оружје од САД, токму заради сеопфатната трансформација на единицата.

Денеска, екстремните националстичк исили во Украина се многу мали, нив ги има и во многу евриопски држави, а ги има и во Русија и во руските оружени сили, како, на пример, Русич Групата предводена од воениот криминалец Алексеј Милачков, кој за себе отворено во интервјуа изјавува дека е нацист. Во модерна Украина, екстремните националистички групи немаат влијание врз парламентот, на последните избори добија минимален број гласови, недоволен за влез во Парламентот, не се во владата и не можат да бидат оправдување за инвазијата на Русија врз Украина.

Во извештајот за манипулација со странски информации, Европската служба за надворешни работи пишува дека еден од најчесто употребуваните наративи е:„Украина е наци и терористичка држава“но и дека поддржува такви групи.

Базата на податоци EUvsDisinfo содржи речиси 500 примери на про-Кремљ дезинформациски тврдења за „нацистичка/фашистичка Украина“.

За потсетување, Украина го забрани промовирањето на нацизмот во 2015 година.

Русија ја нападна Украина, а Украина има право да се брани. Во тоа ѝ помагаат демократски развиените држави членки на НАТО и ЕУ, меѓу кои секако е и Македонија како членка на НАТО.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја анализираме, поконкретно тврдењето за постоење или за спроведување на некаква „денацификација“ во Украина по пат на воени дејства од страна на руската војска ја оценуваме како неточна. Во Украина нема некакво нималку значајно нацистичко движење, ниту, пак, вкоренета нацистичка идеологија која би требал ода се отстрани по пат на „денацификација“.

 

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција