Се уште се гради кровот на ОУ „Лириа“ во Тетово

Додека се следи наставата се работи на кровот на ОУ „Лирија“. Фото: Вистиномер

 

Ветување: Изградба на кровот во основното училиште „Лириа“

Буџет: 30 милион денари ( Министерство за образование и науки)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на Општина Тетово, за „Реконструкција на кровот на ОУ „Лириа“ со финансиска подршка од Министерството за образование, како прва фаза на целосната реконструкција на овој објект, иако со задоцнување од рокот што беше ветен, може да се оцени како во тек.

На 10.11.2015 од Општина Тетово беше најавено дека се работи на обезбедување средства за изградба на покривот на  ОУ”Лириа”:

Сме го информирале Министерството на образование за состојбата на ова училиште, тие пратија експерти и извршиле експертиза во ова насока. Направен е проект за целосна реконструкција на ова училиште. Заради невремето во Тетово, ова училиште се оштети повеќе, при што е известена и владата, која ја докажа фактичката состојба и донела одлука дека ова училиште треба да се реновира…

Ништо не беше предземено после ова цела година. Не 14 октомври 2016 година, Министерството за образование и наука повторно информираше за реновирањето на покривот во ова училиште. Се најави дека е подготвен и финалниот проект, но дека активностите ќе се спроведат во неколку етапи.

Го имаме и последниот проект за целосна реконструкција на овој училиштен објект, кои изнесува над 30 милион денари, но ќе се одвива во етапи, односно првата фаза ќе биде измена на кровот на училиштето, реконструкција, во наредниот период, ќе се реализира и втората фаза, односно целосна реконструкција на објектот

Иако Општината даде дозвола за поправање на објектот, пак ништо конкретно не се презеде. Реновирањето во ова училиште започна делумно. Со некои средства дадени од страна на Општина Тетово, се реновираа само санитарните јазли за учениците, а ветувањето дека зависно од времето ќе започне реновирањето на покривот тогаш не се исполни.

Напротив, состојбата на училиштето се влоши уште повеќе. Водата од врнежите на дожд, заради стариот покрив, навлезе до вториот кат,  загрозувајќи ги учениците и работниот персонал во училиштето. Од управата на училиштето на почетокот на ноември 2016 г. известија дека се направени сите потребни барања неопходни за обновување.

Сме контактирале со Министерството за образование и сме барале да дојдат вистинските луѓе за да ја констатираат фактичната состојба на нашето училиште и да се санира кровот на објектот или да се најде некое друго решение. Одговорот беше дека пред изборите не може ништо да се направи, бидејќи сега инвестиции не се дозволени од страна на Антикорупциска комисија.

 

Конечно, на 14.07.2017 започна изградбата на кровот на училиштето, но еден месеци подоцна, на 11.08.2017, медиумите известија сека градежните активности се прекинаа, а вината надлежните ја префрлија на адреса на проектантот, кој наводно не ги имал предвид сите пречки што се појавија во тек на реконструкцијата.

Од Општина Тетово, исто така во август годинава ветија завршување на градежните активности до почетокот на учебната година:

Инвестициите од Министерството за образование треба да завршат пред почетокот на учебната година, за општината да може да продолжи со јавнатиот оглас , а тоа е за целосно реновирање на овој објект.

Од проверка на „Вистиномер“ на самото место, може да забележи дека иако во школото има ученици и се држи настава, се уште продолжуваат градежните работи и изградбата на кровот не е целосно завршена. (04.09.2017). Учениците во ова училиште наставата ја следеа во три смени заради недостиг на училници.

Имајќи ја предвид проверката на горенаведените информации, ветувањето на Општина Тетово „За реконструкција на кровот на ОУ „Лириа““ со финансиска подршка од Министерството за образование,  може да се оцени како во тек.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценил: Дрилон Салиу

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција