Со задоцнување реконструиран Камениот мост во Тетово

Фото: Принтскрин

 

Ветување: Доизградба на Мостот на Казази

[Извор: Изборна програма на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи за локалните избори 2017 , датум: октомври 2017]

OБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалничката на Тетово,Теута Арифи во предизборната програма  (стр. 24) за локалните избори (октомври 2017), вети завршување на  реконструкцијата на Камениот мост, познат како Мостот на Казази. Ова ветување на градоначалничката Арифи,  е исполнето , со напомена дека тоа е сторено со поголемо задоцнување, имајќи предвид дека се работи за проект планиран и почнат пред повеќе од две години, односно уште во претходниот мандат на Арифи.

Во предизборната програма, но и во нејзините настапи за време на  предвремените парламентарни избори (декември 2016), Арифи се обврза дека во првите месеци по започнувањето на вториот градоначалнички мандат ќе  го реализира овој проект започнат во 2016 година. Сепак,  изградбата траеше  повеќе од предвидениот рок.

Градоначалничката Арифи, пред речиси две месеца на својот Фејсбук профил, објави видео материјал на кој е прикажан целиот процес на реконструкцијата на овој мост, неговиот стар и нов изглед.  Под видеото Арифи напиша:

Мостот на Казазите, сега веќе инфраструктрна реалност што ги поврзува двата дела на градот, сегашноста и минатото!

Реконструкцијата на  овој мост започна во првиот мандат на градоначалничката Арифи во 2016 година, а во кампањата за  локалните избори 2017 година таа вети дека  ќе  заврши за два месеца. Меѓутоа, изградбата на мостот се развлече поради што имаше бројни реакции од граѓаните и од цивилниот сектор.

На 10 јануари 2018, весникот „Коха“, за изградбата на овој мост напиша:

До ден денеска, или две години подоцна, овој мост се преминува со тешкотии од пешаците, а за автомобилите е блокиран затоа што изградбата е прекината. Од Општина Тетово двегодишното доцнење го оправдуваат со временските услови, давајќи притоа уште едно ново ветување дека до март ќе се изгради Мостот на Казазите.

Истиот медиум потенцира дека мостот има и историска вредност и дека тој изглед воопшто не е зачуван:

Со досега извршените градежни работи не е зачуван стариот изглед на овој мост како монумент на културното наследство…

Реконструкцијата на мостот која требаше да се заврши во првите месеци по локалните избори, се пролонгира  до крајот на ова лето (2018), кога заврши целосната изградба и објектрот  се пушти во употреба.

Па со оглед на тоа што проектот е завршен (објектот е реконструиран),  иако со  задоцнување од првично предвидениот рок, ова ветување на градоначалничката Арифи го сметаме за исполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција