Стара странска фотографија со бебиња, претставена како „убавините на Македонија“

Преку објава на Фејсбук се шири фотографија на две бебиња  за која се тврди дека е направена кај нас. Но, од историјатот на интернет пребарувачите се гледа дека оваа фотографија е стара барем една година,  првично објавена во странство и нема никаков македонски контекст

Преку објава на Фејсбук се шири фотографија на две бебиња за која се тврди дека е направена кај нас. Но, од историјатот на интернет пребарувачите се гледа дека оваа фотографија е стара барем една година, првично објавена во странство и нема никаков македонски контекст

 

Фотографија од интернет, објавена на 7 мај годинава, која не е поврзана ниту со Република Северна Македонија, масовно се споделува на социјалната мрежа Фејсбук токму деновиве и покрај тоа што се поминати над 5 месеци од нејзиното објавување. Од текстот во постот се добива впечаток како да е направена во земјава и како настанот да се случил непосредно пред нејзиното мајско објавување. Објавата има над илјада и сто допаѓања и споделувања, кои досегаат до широк број корисници.

,,Ова го чекав неколку години и Господ ми подари две преубави ангелчиња. Кој сака може да ми честита! Ви благодарам од срце!”, пишува во постот.

Сепак, оваа фотографија во пребарувачот Гугл се појавува уште во 2019 година, во декември.

Ја има и на срспка Фејсбук страница, од пред 10 месеци. Од некоја непозната причина се чини дека секоја земја сака да ја присвои, па така оваа слика е споделена и во Босна и Херцеговина, со комплетно истите зборови.

Dobila sam blizance… Najljepši dar od dragog Boga. 🙏Ko želi neka čestita ❤️

Posted by Za Svakog Ponešto – Senchy on Friday, 13 December 2019

Еден полски веб-сајт, пак, тврди дека станува збор за девојка од оваа земја која што добила близначиња по долго чекање и тоа во време на пандемија, што ако се земе предвид фактот дека фотографијата е  стара барем од декември 2019 година, не е можно да е вистинито.

На Фејсбук има и постови од март 2020 година, во кои се тврди дека и во време на пандемија: ,,Во Италија се случуваат убави нешта”, со што се алудира дека оваа слика е од почетокот на пандемијата и тоа во Италија, што, исто така, е невистинито зашто е објавена и неколку месеци претходно.

وتحدث أيضًا أشياءٌ جميلةٌ فِي إيطاليَا 🥰🥺 …#حمودي🎭

Posted by ‎مخابيل‎ on Monday, 30 March 2020

Од историјатот на интернет пребарувачите и од контекстот во кој што е објавена, јасно е дека оваа фотографија е стара барем една година, првично објавена во странство и нема никаков македонски контекст.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција