Тројца специјални обвинители ја чешлаа Битола по кривичната пријава за Владимир Талевски

Ученици во Бтиола - дали преку нивен грб се прекршува корупцијата со превозот за која е спомнат и градоначалникот Талески. Фото: Flickr/Општина Битола.

Што точно содржи кривичната пријава против битолскиот градоначалник Владимир Талески и други непознати лица, која СДСМ ја поднесе до Јавното обвинителство во Битола, а за која повод беше 19-ата „бомба“ на опозицијата во која се говори за коруптивен тендер за превозот на учениците во општината.

 

Што точно содржи кривичната пријава против битолскиот градоначалник Владимир Талески и други непознати лица, која СДСМ ја поднесе до Јавното обвинителство во Битола, а за која повод беше 19-ата „бомба“ на опозицијата во која се говори за коруптивен тендер за превозот на учениците во општината.

 

Пишува: Владо Ѓорчев

 

Специјалното јавно обвинителство, со тим од тројца обвинители ја заврши истрагата во Битола. Тие ја истражуваа „бомбата“ на СДСМ поврзана со бесплатниот школски превоз во општината.

Последните информации од таму, според извори на „Вистиномер“, говорат дека обвинителите си заминале со огромна документација, а разговарале и со директорите на сите училишта во општина Битола. Посебно биле заинтересирани за документи, списоци и фактури, колку ученици користеле бесплатен школски превоз во учебните 2009-2010 и 2010-2011 година.

Наводно, она што ги интересирало обвинителите биле податоците за бројот на ученици, за релациите, за километражата и за цените на услугите.

Како што ни потврди Драган Стојановиќ, директор на Средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“, тројца обвинителите на Специјалното јавно обвинителство се итереситрали за бесплатниот школски превоз.

Обвинителите од Скопје бараа списоци за бројот на ученици, корисници на бесплатниот превоз, за две учебни години. Ние сите документи ги чуваме во архива и им ги доставивме. Ова за нас е дел од работата, тие добиле овластување да постапуваат, а ние, нормално, ќе ги почитуваме законите и ќе соработуваме – вели Стојановиќ.

Инаку, кривичната пријава што ја поднесе СДСМ против битолскиот градоначалник, Владимир Талевски, произлегува од еден од прислушуваните разговори, каде министерот за финансии, Зоран Ставрески, вели дека договорот за бесплатниот школски превоз во Битола, потпишан од градоначалникот, е „коруптивен до даска“.

 

  • Документ: КРИВИЧНА ПРИЈАВА, Подносител Социјалдмеократски сојуз на Македонија, ул. Бихачка бр. 8, Скопје, против: 1. Д-р Владимир Талески – градоначалник на Општина Битола со живеалиште во Битола на ХХХХХХХХХХ, 2, Н.Н. Сторител (три страници – кликнете на страниците за преглед):

 

Krivicna Vladimir Taleski-pokrieno-strana 001

Krivicna Vladimir Taleski-pokrieno-strana 002

Krivicna Vladimir Taleski-pokrieno-strana 003

 

 

 

 

 

 

Еве што објави СДСМ во „бомбата“ броj 19 од Битола:

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски

ЗС: Еве, ја сега пошто завршив пред 15 мин, дојдов у канцеларија и продолжуем накај дома. Се изнервирав дополнително со ова копилево од Битола Владо Талевски, пичка ли му матер.

ГЈ: Шо бе Зоки?

ЗС: Абе ни напраи скандал со овие превознициве. Ќе ти кажам шо е.

ГЈ: Абе што говеда се значи.

ЗС: Беше направена ситуацијата. До 2010-та до јуни, склучен е договор со Транскоп, коруптивен до даска, у кој што по поединечен ученик договорените цени му се повисоки 10 пати повисоки отколку после тоа, отколку денес шо важат цените со приватни превозници се договорите. Значи советов у 2010-та од опозицијава овие му извршиле притисок да ги смени тие договори и он распишува тендер, кај што приватни превозници се јавуваат…

ГЈ: Да де, тендер. Кој бил најефтин, тој.

ЗС: … и цената ја спуштаат во однос за 1 спрема 10 на некои места, негде 1 спрема 5, негде 1 спрема 3.

ГЈ: Да де да.

ЗС: И копилево место да си го покрие криминалот, напукал, пошто долгот до 2010-та отприлика е, кон Транскоп, отприлика е 36 миљони денари и 22 миљони кон приватниве. И сега бара преку ЗЕЛС, прво со поддршка од Коце се разбира, да ние му ги покриеме долговите.

По објавувањето на овој разговор, пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство Битола отвори предмет, кој потоа го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Ковачевски пред да ја поднесе кривичната пријава рече дека во аудиоснимките станува збор за договор за превоз на ученици, од јуни 2010 година, во кој договорените цени биле дури 10 пати повисоки отколку пазарните цени.

Кривичната пријава, пак, што СДСМ ја поднесе против Талевски на 07.04.2015 година се состои од пет точки. Во петтата точка е опфатен делот за транспортот на ученици:

Извршениот попис на обврските спрема добавувачите за 2011 година, не е извршен во согласност со член 31-1 и 31-б од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници поради тоа што не е наведена правната основа и старосната структура на истите. Дел од обврските спрема добавувачите во земјата се искажани во 2012 година, наместо во 2011 година. Пописната комисија не извршила проверка и потврдување на реалноста на искажаните износи на обврските, не потврдила дека превземените обврски се уредно, хронолошки, целосно и правилно евидентирани во сметководствената евиденција и не ги потврдила причините за неизмирените обврски спрема добавувачите. Обрвските на добавувачите во сметководството и Билансот на состојбата за 2011 година се искажани во помал износ од 1.067.000 денари поради неевидентирана документација. Ваквата состојна не е во согласност со член 19 од Законот за сметководство на буцетите и буџетските корисници и член 18 од правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисни и придонесува за нереално искажување на состојбата со добабувачите.

Со  вака превземените дејствија првопријавениот, на Буџетот на Општина Битола му нанесе штета од значителна вредност во вкупен износ по сите точки од кривичната пријава од 15.299.000 денари и сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.4 вв со ст3 од КЗ, а второпријавениот Н.Н. сторил кривично дело од точка 5 од кривичната пријава-фалсификување или уништување на деловни книги од член 280 од КЗ.

Останатите четири точки од кривичната пријава се за:

  1. Исплата на пари за социјална заштита и пари за спортски клубови без Програма за социјална заштита согласно член 11 од Законот за социјална заштита
  2. Исплата на регрес за годишен одмор на вработените без законско покритие
  3. Исплата на пари на здруженија на граѓани без план и програма од општина Битола
  4. Ипслата на пари од Буџетот на општината на шестмина вработени во Општинскиот одбор на месни заедници –Битола

Во Кривичниот законик во членот 353 ст4 вв ст3, за кое дело е поднесена кривичната пријава стои:

(3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години.

(4) Со казна од ставовите 1, 2 и 3 ќе се казни и одговорно лице, одговорно лице во странско правно лице што има претставништво или врши дејност во Република Македонија или лице што врши работи од јавен интерес, ако делото е сторено во вршење на неговото овластување или должност.

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, во новогодишното интервју на телевизија „Тера“ за обвинувањата вели:

Нашата работа е чиста. Сите обиди да не прават криминалци и незнам корумпирани, на крајот ќе се расчисти, ќе се види дека не е точно. Но, после пак има нов ден. Овие луѓе кој што се одлучија на ваков деструктивен, безобразен, шпекулантски, фалсификаторски начин да наметнуваат вистина мислам дека ќе платат голема цена на следните и на сите следни, следни… избори кои следуваат (видео клип: 22:06-22:50)

И на крајот додава:

Значи, јас сум со тапија чист и мојата работа е чиста, тоа ќе се покаже сега и со следниве кривични пријави. (видео клип: 22:40-22:47)

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција