Твоето предизборно ветување звучи познато: Калкулатор за трошоците на пушачите
Во втората радиоемисија загатката беше предизборното ветување за интернет-калкулатор кој ќе ја пресметува вистинската цена за пушачите и пресметка на заштедата доколку граѓаните престанат да пушат.
Радиото „Индекс“ во соработка со „Вистиномер“ почна радиоемисија „Твоето предизборно ветување звучи познато“.
Секој работен ден од 14:30 часот, слушателите може да погодуваат кој политичар или партија дал одредено ветување и дали е тоа исполнето. За точните одговори следува награда од радиото.
Заинтересираните може да се пријавуваат на електронската адреса tvoetovetuvanjezvucipoznato@radioindex.mk и треба да испратат име и презиме и телефонски број на кој луѓето од радиото може да ги повикаат и да ги вклучат во емисијата. Пријавувањето е можно и на телефонскиот број 075/755-588.
Во втората радиоемисија загатката беше предизборното ветување за интернет-калкулатор кој ќе ја пресметува вистинската цена за пушачите и пресметка на заштедата доколку граѓаните престанат да пушат. Ветувањето е дадено во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ со која партијата настапи на предвремените парламентарни избори во 2014 година, во делот насловен „Информатичка технологија и реформа на јавната администрација. Ветувањето е оценето како неисполнето.
Втората емисија може да ја проследите тука.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар