Училиштето „Фаик Коница“ во Доброште доби нова спортска сала

МОН

Ветувањето на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за изградба на спортска сала во село Доброште, е исполнето. Ова ветување на Асани е дел од проектот за изградба на спортски сали  во Општина Теарце, дадено во неговата програма „За општината што ја сакаме” (стр. 4).

 

Ветување: Изградба на спортска сала во село Доброште.

[Извор: Изборна програма на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за локалните избори 2017 , датум: октомври 2017]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за изградба на спортска сала во село Доброште, е исполнето. Ова ветување на Асани е дел од проектот за изградба на спортски сали  во Општина Теарце, дадено во неговата програма „За општината што ја сакаме” (стр. 4).

На 6 март медиумите информираа за свеченото отварање на оваа спортска сала:

Денеска беше пуштена во употреба новата училишна спортска сала изградена во рамките на ОУ „Фаик Коница“ во Доброштe. На настанот присуствуваа министерката за образование, Мила Царовска, градоначалникот на Теарце, Исен Асани и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во медиумите беше објавен и видео материал од свеченото отворање на новата спортска сала каде се обрати и градоначалникот Исени, кој во својот говор  рече:

Денеска на овој голем ден остваруваме едно големо барање на граѓаните. Со оствари нашиот сон. Ние сме горди што успеавме во село Доброште да изградиме нова спортска сала.

Присутна во овој настан беше и министерката за образование Царовска. Таа нагласи дека со оваа современа спортска сала, учениците од оваа рурална општина добиваат катче за спортски активности, но и за реализација на изборни предмети според афинитетите на учениците:

 
Физичкото образование создава здрави генерации, ги поттикнува учениците да спортуваат па и да постигнуваат повисоки резултати. Затоа како Влада и како Министерството за образование и наука сме насочени кон инфраструктурни вложувања во објекти каде децата ќе можат во пријатни услови да ги реализираат часовите за спортски активности.  Многу ми е драго што децата од оваа општина добиваат поквалитетно образование.

Спортската сала во основното училиште во Доброште има површина од 650 м2 и е целосно опремена со спортски реквизити. За изградбата на салата се потрошени 22,6 милиони денари.

Имајќи го предвид сето ова,  ветувањето на Асани за изградба на спортска сала во село Доброште, го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција