Уште една дезинформација дека Земјата е рамна плоча

Фотографија на Земјата, сликана од „Аполо 17“ Фото: mk.wikipedia.org

Наспроти тврдењето во постот дека „Земјата е рамна“, има многу докази дека Земјата е тркалезна. Има фотографии од вселената од кои се гледа дека земјата е сферична. Дека земјата е тркалезна покажува и првата фотографија од неа од вселената снимена во триесеттите години на минатиот век. Мислењето дека Земјата е сфера било целосно потврдено уште од античките грчки филозофи како Аристотел (384–322 п.н.е.), кој добил емпириски докази откако патувал во Египет и видел нови соѕвездија. Ератостен, во третиот век п.н.е. бил првиот човек кој го пресметал обемот на Земјата

Наспроти тврдењето во постот дека „Земјата е рамна“, има многу докази дека Земјата е тркалезна. Има фотографии од вселената од кои се гледа дека земјата е сферична. Дека земјата е тркалезна покажува и првата фотографија од неа од вселената снимена во триесеттите години на минатиот век. Мислењето дека Земјата е сфера било целосно потврдено уште од античките грчки филозофи како Аристотел (384–322 п.н.е.), кој добил емпириски докази откако патувал во Египет и видел нови соѕвездија. Ератостен, во третиот век п.н.е. бил првиот човек кој го пресметал обемот на Земјата

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

29.03.2023

Уште една потврда од пилот.

Земјата е рамна.

Потоа се споделува видеоматеријал на кој пилот на прашањето Дали забележавте некакво закривување?“ на  одговара негативно. Потоа видеото продолжува со ново, во коешто се кажува:

Почнаа да го летаат низ светот од Абу Даби со застанувања во Индија и Кина и низ Пацификот. Дали ако трчате во круг околу вашата населба, докажува дека вашата населба е тркалезна? Бев пилот за Делта 26 години. Примарниот летечки инструмент на пилот е неговиот вештачки хоризонт кој мора да се одржува во рамна позиција, рамно за да се превенира од издигнувања и падови. Од кабината, зависно од тоа колку дозволуваше времето, можев да видам стотици милји во сите насоки. Гледав градови поврзани со патишта, од рамниот авион, во далечина колку што може да види окото

Потоа видеото завршува со тврдење дека Земјата е рамна.

Една од првите работи што ја учат идните пилоти е летање „право и рамно“, техника која овозможува одржување контрола на авион додека се останува на иста висина и се лета во една насока… Авионите можат да летаат со часови на истата височина, без „клунот“ на авионот да се насочи надолу за да се следи закривувањето на Земјата.

Но, летањето „право и исправено“ не значи дека буквално се лета во права линија. Наспроти тоа, се базира на одржување на конзистентна висина и правец, пишува Ју Ес Еј Тудеј.

Има многу начини на кои се докажува дека земјата е тркалезна. Има фотографии од вселената од кои се гледа дека земјата е сферична.

Дека земјата е тркалезна покажува и првата фотографија од неа од вселената снимена во триесеттите години на минатиот век.

НАСА пишува дека индиректни докази дека Земјата има округла форма постоеле подолго врмее, но фотографски доказ недостасуваше до 20 век.

Античките Грци верувале дека земјата е тркалезна и го пресметале нејзиниот обем со неверојатна точност. Со придобивката на авијацијата, фотографите можеа да достигнат висини од кои може да се сними заобленоста на Земјата. Со ракети и вселенски летала кои враќале на Земјата фотографии од големи растојанија од Земјата, можевме да ја гледаме Земјата како мала сина оаза. Благодарение на овие фотографии добивме подобро разбирање за Земјата и нашето место во универзумот, пишува НАСА.

Универзитетот во Невада, Лас Вегас, во својот напис:Знаци дека земјата е тркалезна: Како науката докажува дека нашиот дом е топка“ вели:

Качете се на авион и летајте до Кејптаун, Јужна Африка или Мелбурн, Австралија, два најголеми града лоцирани на јужната хемисфера. Таму, нема да можете да ја видите ѕвездата Северница.

По истиот принцип, ноќното небо изгледа различно зависно од тоа во кој дел од светот се наоѓате.

Тоа не би било случај ако земјата е рамна. Небото би било исто од секоја локација. Друг пример за заобленоста на земјата е тоа што бродовите исчезнуваат зад хоризонтот кога отпловуваат, пишува Лид Сторис.

Мислењето дека Земјата е сфера било целосно потврдено уште од античките грчки филозофи како Аристотел (384–322 п.н.е.), кој добил емпириски докази откако патувал во Египет и видел нови соѕвездија. Ератостен, во третиот век п.н.е., бил првиот човек кој го пресметал обемот на Земјата. Исламските научници направиле понатамошни напредни мерења  околу 9 век од нашата ера, додека европските морепловци кружеле околу Земјата во 16 век. Сликите од вселената кои се направија во поново време беа последен доказ.

Доказ дека земјата не е рамна е и фактот што различни локации на Земјата имаат различни годишни времиња во ист период. Кога во САД е лето, во Австралија е зима. Или кога во Италија е зима, во Аргентина е лето. Тоа е затоа што сончевите зраци, кои се речиси совршено паралелни, удираат на Земјата под различни агли. Кога Земјата би била рамна, сончевите зраци секогаш би биле под ист агол, што значи дека САД, Австралија, Италија и Аргентина би ги имале истите годишни времиња во ист период. Идејата за рамна Земја не може да го објасни ова.

Поради сите горенаведени факти постот го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција