Видео од природен феномен злоупотребено за ширење на теоријата на заговор за кемтрејлс

Фото: Принтскрин

Видеото од облаците кои се споделени во објавата која ја анализираме, се природен феномен, а не некаков перформанс на некоја банда, како што наведува објавата без притоа да приложи никакви дополнителни докази за каква банда станува збор. Очигледно е дека целта на објавата е да ја шири добро познатата тероија на заговор за кемтрејлс, според која некои тајни светски влади нè запрашуваат од небото со цел да нè трујат и да ја намалат бројноста на човештвото.

Видеото од облаците кои се споделени во објавата која ја анализираме, се природен феномен, а не некаков перформанс на некоја банда, како што наведува објавата без притоа да приложи никакви дополнителни докази за каква банда станува збор. Очигледно е дека целта на објавата е да ја шири добро познатата тероија на заговор за кемтрејлс, според која некои тајни светски влади нè запрашуваат од небото со цел да нè трујат и да ја намалат бројноста на човештвото. За оваа теорија на заговор Вистиномер досега има пишувано во многу наврати

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува необична фотографија од облаци за кои тврди дека се дело на „бандата“, ширејќи ја добро познатата теорија на заговор за кемтрејлс.

Уметнички перформанс на бандата…, стои во објавата.

Вистиномер го побара видеото од необичните облаци на Гугл и најдовме дека е снимено на 30 септември над пустината Атакама во Чиле. Астрономот и фотограф Јури Белецки ја споделил снимката на социјалната мрежа Икс, нарекувајќи ја „неверојатна глетка“.

Утрово бевме наградени со ваква неверојатна глетка во опсерваторијата во пустината Атакама во Чиле! Прекрасна #природа!, пишува Белецки на Икс.

Во коментарите под видеото, Белецки одговарајќи на прашања каков тип на облаци се тоа, повикувајќи се на експертите, наведува дека станува збор за феноменот познат во природата како Altostratus undulatus cloud. Овие формации на облаци со нишки најдобро се препознаваат во две варијации, во зависнот од надморската височина на која се формираат: едната ја сочинуваат cirrocumulus, altocumulus и stratocumulus, а другата cirrostratus, altostratus и stratus.

Овој тип на облаци е препознатлив по паралелните редови на облаци.

Облаците Altocumulus undulatus се формираат кога слој од алтокумулус облаци е под влијание на две различни воздушни струи. Воздухот што се движи над облаците алтокумулус е во интеракција со воздухот што се движи (со различна брзина/насока) под облаците алтокумулус, создавајќи значајни редови на облаци Altocumulus undulatus. „Unda“ е латински збор за „бран“. Облаците алтокумулус ундулатус се јавуваат на височина од ~ 6.500 до 16.500 стапки, пишува во објава на Инстаграм која го споделува видеото на Белецки.

Дека овие облаци се дело на природата е наведено и во Инстаграм објавата на hardwire media која исто така го споделува видеото на Белецки.

На последниот ден од септември, чилеанското небо откри формација на аltocumulus undulatus облаци. Овие облаци, со нивните впечатливи паралелни брановидни форми, се создадени од суптилното напластување на атмосферските ветрови на различни надморски височини. Иако често асоцираат на турбуленции за пилотите, гледано од земја, тие не нудат ништо друго освен хипнотизирачки спектакл на атмосферска динамика, стои во објавата на hardwire media.

За овој редок феномен пишува и хрватски Време и радар.

Во понеделник, 30 септември, на небото е забележана спектакуларна глетка од локацијата на астрономската опсерваторија во пустината Атакама во Чиле. Облаците беа распоредени во низа, во форма на тесни, издолжени и паралелни појаси, со приближно еднакви интервали на чистота помеѓу облаците. Родот и видот на овој облак е altocumulus undulatus. На почетокот на видеото, можете дури и да видите попрскана сенка на земјата од овој распоред на облаци и чистота, пишува хрватски Време и радар.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека видеото од обаците кои се споделени во објавата која ја анализираме се природен феномен, а не некаков перформанс на некоја банда, како што наведува објавата, без притоа да приложи никакви дополнителни докази за каква банда станува збор. Очигледно е дека целта на објавата е да ја шири добро познатата тероија на заговор за кемтрејлс, според која некои тајни светски влади нè запрашуваат од небото со цел да нè трујат и да ја намалат бројноста на човештвото. За оваа теорија на заговор Вистиномер досега има пишувано во многу наврати.

Поради сето ова, објавата која ја анализираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција