Во Аеродром целосно реконструирана улицата „Венијамин Мачуковски 4“

Трајановски и Коневски на пуштањето во употреба на реконструираните улици „Венијамин Мачуковски" и „Анастас Митрев" Фото: skopje.gov.mk

Проект: Изградба на новопроектирана улица Венијамин Мачуковски 4 ( Мичурин)

Опис на проектот: Изградбата опфаќа изведба на градежен дел со асфалтирање на улицата и изградба на тротоари. (Рок: 2016-2017 година Извори на финансирање: Буџет на Општината)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Реконструираната улица „Венијамин Мачуковски“ во скопската населба Мичурин е свечено пуштена во употреба на 1 август 2016 година. Ова е исполнето ветување   на градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, дадено во неговата Изборна програма (2013-2017), Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром!  (Транспорт и патна инфраструктура, стр. 57).

Според извештаите во медиумите, делницата на улицата за која станува збор,  е пуштена во употреба во август 2016, истовремено со делот од улицата „Анастас Митрев“ во истата населба, кој исто така доживеа реконструкција. На свеченоста организирана по тој повод градоначалникот  Коневски, меѓу другото,  рече :

Вкупната должина на едната улица е 160 метри, а на другата 110, додека широчината на двете улици е по 6 метри. Покрај двете улици се изградија и тротоари со широчина од по 1,5 метри од двете страни на улиците. За овој проект Општина Аеродром издвои околу 3 милиони денари од својот буџет

Инаку, самата најава за проектот (во Програмата на Коневски)  „изградба на новопроектирана улица“, делува збунувачки со оглед дека улицата постои од порано, но, според надлежните од Општината, станува збор за темелна реконструкција на постојната траса на улицата која доби сосема нов изглед, односно таа е проширена, има нов коловозник, тротоари и друга улична инфраструктура.

Дотраеноста на улицата „Венијамин Мачуковски“ била долгогодишен проблем за жителите на овој дел на Скопје. Еве што за состојбата на улицата пишува пред 10 години весникот „Вест“:

Дупки, нерамен и испукан асфалт и искршени тротоари со години зајаат на улицата Венјамин Мачуковски во населбата Мичурин, во скопската Општина Аеродром,

пишува „Вест“ потсетувајќи дека Мичуринци со огорченост коментирале дека:

дупките се невидливи за локалните власти од Аеродром кои секојдневно поминуваат по улицата, бидејќи на Венјамин Мачуковски е сместена и општинската зграда.

Според ова, темелната реконстракција на улицата „Венијамин Мачуковски“ можеме да ја оцениме како исполнето ветување на градоначалникот Коневски.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Југослава Дуковска

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција