Во Хиподром се изградени ново училиште и спортска сала

Новата зграда на ОУ „Вера Јоциќ“ Фото: vlada.mk

Ветување: Изградба на ОУ „Вера Јоциќ“ и спортска сала во населба Хиподром. Целна група: Учениците од 1-9 одделение, спортските клубови, спортските рекреативци. Рок: 2018 година

[Извор:Изборна програма на градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски (стр.16), датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, за изградба на ново ОУ „Вера Јоциќ“ и спортска сала во населба Хиподром, дадено за локалните избори во 2017 година, е исполнето.  Ветувањето е дел од неговата изборна програма насловена како: „Живот во Гази Баба! За сите!“ (стр.16).

Новата зграда на основното училиште „Вера Јоциќ“ беше изградена на крајот од 2018 година, а објектот беше целосно завршен и пуштен во употреба на 30 мај 2019 година. Новиот енегретски ефикасен објект којшто ги замени старите и дотраени бараки, е на површина од 2.125 квадратни метри. Уилишната зграда има приземје, кат, подрум, 12 училници, шест кабинети, просторија за наставници и  библиотека. Во училиштето  се обезбедени современи услови за настава со капацитет за 600 ученици. Инаку, изградбата на училиштето „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром почна  во мај 2017 година, неколку месеци пред крајот на мандатот на претходникот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски

Новата спортска сала во ОУ „Вера Јоциќ”, почна да се гради во јули 2019 година, а деновиве (29.09.2021) беше свечено пуштена во употреба. Салата е на површина од 650 м2, комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли, соблекувални со туш-кабини.

.

Новата спортска сала во ОУ, „Вера Јоциќ“
Фото: vlada.mk

 

 

Според рокот за реализација предвиден во изборната програма на  Георгиевски, новото училиште и спортската сала во Хиподром, требаше да бидат готови во 2018 година. Сепак, имајќи предвид дека тие се изградени и пуштени во употреба, иако  со задоцнување – за училиштето шест месеци, за спортската сала две години, ветувањето го сметаме за исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција