Во парк во САД не е пронајден никаков замрзнат пештерски човек
Пост на Фејсбук преку кликбејт наслов ја лаже јавноста дека бил пронајден замрзнат пештерски човек. Постот за кратко време стана вирален
Пост на Фејсбук преку кликбејт наслов ја лаже јавноста дека бил пронајден замрзнат пештерски човек. Постот за кратко време стана вирален.
Објавата пренесува текст со наслов „Пронајден замрзнат пештерски човек во парк (Фото)“. Кога ќе видите ваков наслов веднаш ве асоцира на некое несекојдневно откритие и секако ќе ве заинтригира да го кликнете и да видите за што точно станува збор.
Но, кога ќе го отворите написот ќе се разочарате. Ќе сфатите дека не станува збор за никаков пронајдок, туку за уметничко дело. Тоа ќе ви стане јасно уште во првата реченица која вели: „Статуа од замрзнат пештерски човек мистериозно се појави во парк во САД“.
Слично на монолитите кои се појавуваа насекаде во светот минатата година – но овој пат се знае оној кој што ја поставил статуата. Ова дело во “Теодор Вирт” паркот во Минеаполис, на уметникот Зак Шумак, има за цел да ги натера луѓето да ги “кренат главите” од нивните телефони и да уживаат во животот, стои во написот.
Значи, не е пронајден никаков пештерски човек, уште помалку замрзнат. Станува збор за клик бејт наслов кој има за цел да привлече што е можно повеќе кликови и реакции. Во ваквите наслови е многу лесно да се поверува доколку не се отвори текстот и не се види за што точно станува збор.
На насловот од постот што го рецензираме му недостига контекст и тоа е направено намерно со цел преку невистина да се поттикнат читателите да кликнат на постот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар