Во Штип почна изградбата на затворен базен

Фото: Принтскрин колаж - stip.gov.mk

ВЕТУВАЊЕ: Изградба на затворен пливачки базен во рамки на СРЦ „Суитлак”

[Извор: Изборна програма на Благој Бочварски, градоначалник на Општина Штип, стр.16:

Рок: 2020 година]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, во својата изборна програма за локалните избори „Живот во Штип! За сите! (2017-2020), вети изградба на затворен пливачки базен во рамки на СРЦ „Суитлак“. Реализацијата на ова ветување на Бочварски е во тек.

Во програмата Бочварски ветува изградба на СРЦ „Суитлак”, кој се планира да се протега од паркот К’ртеке до викенд населбата Суитлак.

На падините на Суитлак ќе ги споиме природата, спортот и рекреацијата на едно место надвор од градскиот метеж. Со својата убавина, функционалност и важност, овој спортски центар ќе стане симбол на град Штип, се наведува во програмата на штипскиот градоначалник.

Во Основниот проект за изградба на СРЦ, како што се наведува во програмата, се планирани следниве содржини:

  • Сала за боречки спортовиопремена со фитнес центар
  • Повеќенаменски спортскиигралишта со пропратни содржини
  • Аквапарк за најмладите.
  • Затворен базен
  • Отворен базен
  • Нова велосипедска патека која ќе се протега од Мултимедијалниот
  • центар до Аква Паркот.
  • Мултимедијалниот центар, кој патем речено воопшто не се користи, ќе
  • прерасне во инфо-центар за граѓаните, посетителите на СРЦ и ќе служи
  • за изнајмување на велосипеди и спортски реквизити.
  • Нови содржини за настава во природа во парковата површина К’ртеке.
  • Целиот комплекс ќе биде бесплатна општинска интернет зона.
  • Мултифункционалниот карактер на овој комплекс ќе овозможи
  • Создавање услови за спорт и рекреација на граѓаните на град Штип.
  • Создавање улови за спортска едукација на најмладите
  • Подобрување на квалитетот на спортот
  • Создавање услови за настава во природа за учениците

Ветувањето за изградба на СРЦ Суитлак и затворен базен во рамки на овој спортски ценатр, Бочварски го дал и во интервју за Капитал, објавено на 05.10.2017 г.. На прашањето, кои се крупните капитални проекти во неговата програма, Бочварски, меѓу другото, одговара:

Спортско рекреативен центар Суитлак, со голем аква парк за забава на најмладите и рекреација за повозрасните, со многу други пропратни содржини, велосипедски патеки, отворен и затворен базен и многу други пропратни содржини.

На 11.03.2019 година, сајтот „Штипски асови“ објави напис дека е изработена проектна документација за изградба на спортско рекреативен центар „Суитлак“.

На 06.09.2019 година, Канал 5 објави дека Општина Штип бара инвеститор за Спортско рекреативниот центар „Суитлак”.

Општина Штип бара инвеститор за изградба на Спортско рекреативниот центар „Суитлак”, откако советниците  на Општина Штип едногласно ја изгласаа одлуката за јавно приватно партнерство за овој проект.

На 10.02.2020 година, Општина Штип, на својата официјална интернет страница, информира дека почнува изградбата на затворен базен во Штип во населбата Суитлак.

Агенција за млади и спорт ќе инвестира во изградба на затворен базен во Општина Штип за потребите на граѓаните и на спортистите. За првпат во Штип ќе се гради ваков енергетски ефикасен објект со димензии од околу 30 метри должина и 20 метри ширина, а додека базенот со должина од 25 метри и ширина од 9 метри. Овој значаен објект за граѓаните на Штип ќе се гради во населбата Суитлак кадешто деталниот урбанистички план предвидува зона спорт.

На 14.02.2020 година, градоначалникот Бочварски, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, го удрија камен темелникот за изградба на базенот.

Го реализираме едно од најголемите ветувања во владината програма и повеќегодишното барање на граѓаните од Штип, затворен базен. Ќе придонесеме кон развивање здрави навики од најмала возраст и развој на пливањето како спорт, од што најголем бенефит ќе имаат младите луѓе и спортистите,“ изјави директорот на Агенцијата, Дарко Каевски.

Имајќи го предвид сето погоре, може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот на Штип за изградба на затворен базен во рамки на СРЦ Суитлак, е во тек.

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција